Достапни линкови

Жители на Костјантинивка „нема каде да одат“ и покрај постојаните воздушни напади


Костјантивка
Костјантивка

Украинските сили и натаму ги спречуваат руските сили да напредуваат кон Костјантинивка во регионот Донецк. Но, градот на фронтовската линија е под постојано бомбардирање, што го прекина снабдувањето со електрична енергија, а некои населби ги остави во урнатини.

Неколку очајни жители на Костјантинивка се собраа околу оган во населба во урнатини од оштетени згради и изгорени автомобили.

Цевките за гас и далноводите се прекинати од руските напади врз овој град на првата линија, па затоа отворениот оган е нивниот единствен начин за готвење оброк.

Една жена коментира за постојаната закана од напади со беспилотни летала. „Тие летаат цело време. Големи, мали, секакви беспилотни летала“, вели таа.
Кога новинар на РСЕ ја прашува дали се плаши да биде надвор, таа одговара: „Немам избор“.

Некогаш дом на речиси 70.000 луѓе, Костјантинивка сега има многу помало население, но неколку цивили, повеќето нив постари лица, остануваат тука и покрај напорите за евакуација на градот.

Во Костјантинивка, неколкумина цивили изложени на постојаното бомбардирање
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Многумина, како жената што готви на отворениот оган, велат дека немаат каде да одат.

„Немам што да правам“, рече друга жителка што готви супа. „Мојот внук имаше стан во Харков. Планирав да одам таму бидејќи тој замина за Германија. Но, и тој беше уништен. Немам каде да одам.“

Таа за РСЕ изјави дека продавницата каде што работела била исто така уништена во напад. Слушајќи го зуењето на беспилотно летало во близина, таа мирно вели: „Навикнати сме на тоа.“

Украинските сили стационирани во и околу градот ги спречуваат руските сили да напредуваат во Костјантинивка, критично упориште во регионот Донецк и едно од најактивните боишта во војната.

Додека руските беспилотни летала се надвиснуваат над глава, војниците на 93-та механизирана бригада ја користат својата флота беспилотни летала за да ги одвратат нападите.

Украинските беспилотни летала, исто така, обезбедуваат една од ретките линии за снабдување со многу потребни залихи.

„Има пет лета [со беспилотни летала] наутро за да се донесат [залихи] на пешадијата: храна, вода, полначи, муниција, термална долна облека, ќебиња“, објаснува војник по име Олександр.

Иако руските напори да напредуваат во Костјантинивка засега се чини дека се во застој, воздушните напади врз цивилни објекти се случуваат постојано.

Друга жителка на разрушен станбен блок плаче додека опишува колку брзо се случила штетата. „Им беа потребни само три недели за да го уништат градот“, вели таа.

XS
SM
MD
LG