Достапни линкови

Во Костјантинивка снемува места за погребување додека руските сили се приближуваат


Гробови на цивили во Костантиновка, Донецка област
Гробови на цивили во Костантиновка, Донецка област

Зад станбена зграда во Костјантинивка, рачно напишани дрвени знаци означуваат два свежи гроба.

Еден локален жител објасни дека неговата мајка била убиена од бранот екплозии за време на рускиот напад минатата недела. Другиот гроб, рече тој, му припаѓал на постар човек кој починал од природна смрт.

Импровизираните гробови го покажуваат очајот во Костјантинивка, град во регионот Донецк во Украина, каде што постојаните напади го принудиле поголемиот дел од населението да бега за да се спаси.

Зошто Путин сака контрола врз целиот украинскиот регион Донбас?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Некои од жртвите се закопани на градските гробишта, како еден граѓанин убиен во ноќен напад врз населбата Новоселивка.

Но, просторот на гробиштата е ограничен и малкумина се останати да ја вршат работата за транспорт и закопување на мртвите.

Некои преостанати жители морале сами да ги закопаат своите роднини во своите дворови или градини.

Евген Ткачов, раководител на хуманитарната мисија Пролиска, беше меѓу волонтерите што им помагаа на цивилите да се евакуираат додека можеа. Тој покажа неколку вреќи со тела во дворот на една зграда.

„Ова е телото на сосед кој загина во нападот“, рече Ткачев.

„Гледате што се случува овде - луѓето умираат каде и да се. Телата ќе останат таму“, додаде тој, сè додека нема доволно луѓе да ги погребаат.

Руските сили полека напредуваат кон Костјантинивка во изминатиот месец, обидувајќи се да го опколат градот северно од Донецк.

Тоа ги направи напорите за евакуација сè поопасни за хуманитарните работници и преостанатите жители.

„Условите се влошуваат - премногу патишта се уништени. Летаат беспилотни летала, пука артилерија“, рече Ткачев.

Но, по години војна во Украина, тој додаде: „Навикнати сме на тоа“.

XS
SM
MD
LG