Станбени области во главниот град на Украина, Киев, беа погодени од масовен руски ракетен и беспилотен напад на 16-17 јуни, при што загинаа најмалку 14 луѓе и беа ранети 55. Нападот во текот на ноќта врз главниот град и другите градови низ земјата беше еден од најсмртоносните досега.
Во март 2022 година, кога руските сили влегоа во украинскиот град Буча, десетици цивили беа убиени. Во новата истрага, украинскиот сервис на РСЕ користеше видеа од надзор, снимки од беспилотни летала и воени записи за да состави целосна слика за најкрвавите денови на улицата Јаблунска.
Украинската артилерија и екипажот со беспилотни летала развиваат одбранбени стратегии како подготовка за очекуваната офанзива на руските сили ова лето. Одбранбени улоги би можеле да играат хаубици испорачани од САД, беспилотни летала кои носат мини и сателитски контролирани далечински единици.
Според Киев, Москва лансираше 60 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта меѓу 26 и 27 мај, погодувајќи најмалку девет цели низ целата земја, вклучително и цивилна област во северозападниот град Суми.
Најмалку 12 лица загинале во континуираните руски напади во текот на ноќта низ Украина на 25 мај, а голем број жители биле ранети. Во, како што соопштија украинските власти, најголемиот руски воздушен напад од почетокот на војната, биле погодени многубројни градови и региони.
Илјадници украински воени затвореници и цивили сè уште се држат во заробеништво во областите окупирани од Русија, според меѓународните набљудувачи. Честопати се држат во некомуникација со месеци или години. Мачењето, наводно, е вообичаено.
Кога семејството Колисниченко открило дека во нивниот стан на Крим има жител за кој не знаеле ништо, сфатиле дека Русија им го запленила имотот во нивно отсуство. Тоа е еден од стотиците случаи во кои Украинците со домови или земјиште на Крим останале без нив бидејќи не зеле руско државјанство.
Украински војници велат дека се сомневаат во прогласувањето на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот со Украина, кој треба да започне на 8 мај. Киев одговори со повик за итен прекин на огнот во траење од еден месец.
Украинско момче од Херсон раскажува како било принудно пренесено во Русија и сместено во камп за превоспитување. Боло ослободено од организацијата Спас за Украина.
Руските бомби и артилерија оставија разорен белег во Украина, претворајќи ги некогаш просперитетните градови во сцени на речиси целосно уништување. Снимките од беспилотни летала ја покажуваат штетата од руските напади откако градовите дојдоа во опсегот на артилерија
Глобалната продажба на Тесла опадна нагло во текот на првиот квартал од 2025 година поради улогата на Илон Маск во американската политика, но побарувачката во Украина е во пораст. Конкуренцијата од евтините кинески возила помогна да се намалат цените за автомобилите Тесла.
Единица на украински оператори со беспилотни летала, стационирани во Покровск, изјавија за украинскиот сервис на РСЕ дека станале главна цел за руските сили. Дописникот Евхенија Китаива-Русецска неодамна го посети уништениот град на фронтот, за прв пат по два месеци.
Вчитај повеќе