Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

08:21 2.11.2025

Втор круг локални избори за градоначалници во 33 општини

Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат.
Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите.
Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.
Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои 50% плус еден глас од вкупниот број гласови. На гласачките ливчиња се наоѓаат двајцата најдобропласирани од првиот круг. Целиот текст прочитајте го ТУКА


08:33 2.11.2025

Во Скопје се гласа за градоначалник на градот, како и за градоначалници на 4 општини

Во вториот круг, право на глас за Градот Скопје имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список кои ќе гласаат на 685 гласачки места.

Треба да бидат избрани градоначалник на Градот Скопје и на четири од десетте градски општини – Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Во првиот круг од локалните избори, што се одржа на 19 октомври, беа избрани градоначалници во шест скопски општини – Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Сарај и Кисела Вода.

08:44 2.11.2025

Неопходни лични документи за остварување на правото на глас

На гласање со лична карта или со пасош
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00
09:01 2.11.2025

ДИК: Вчера без проблеми заврши гласањето на болните, немоќните и затворениците

Гласањето за болни и немоќни лица, затвореници и лица сместени во установи за вонсемејна грижа заврши непречено и без забелешки, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).
До 20 часот своето право на глас го оствариле 3.327 од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, 588 од 1.256 лица во 14 казнено-поправни установи, како и 125 од 214 лица во установи за вонсемејна грижа.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG