Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

23:49 2.11.2025

Владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, убедлив победник на локалните избори

23:32 2.11.2025

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ја потврдија доминацијата на локалните избори

Голема победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски по вториот круг локални избори. Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите.
За деталниот извештај о вториот круг од Локалните избори кликнете тука.

ВМРО-ДПМНЕ ја прославува победата во вториот круг од Локалните избори 2025
ВМРО-ДПМНЕ ја прославува победата во вториот круг од Локалните избори 2025
22:56 2.11.2025

Мециновиќ: Скопје само дополнително ќе се мобилизира

„Во изминатите два месеца постигнавме нешто што не можевме да го замислиме“, порача вечерва на прес конференција Амар Мециновиќ кој во трката за градоначалник на Град Скопје, влезе како кандидат на партијата Левица.
Од обработени 98,98 проценти од податоците за одѕивот на денешното гласање во рамките на вториот круг од локалните избори, Мециновиќ освои 60.303 гласови, односно 36,53% од гласовите - покажува статистиката објавена на веб страницата на Државната изборна комисија.

Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ од Левица
Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ од Левица
22:26 2.11.2025

Орце Ѓорѓиевски победи во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ слави во уште 21 општина

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Градот Скопје, како и во уште 21 друга општина во вториот круг од локалните избори за градоначалник што се одржаа денеска, 2 ноември, во Северна Македонија.
Партискиот лидер и премиер, Христијан Мицкоски, на прес-конференција објави победа на владејачката партија и во: Карпош, Аеродром, Чучер Сандево, Брвеница, Валандово, Дојран, Крушево, Кочани, Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново-Облешево, Виница, Дебарца, Конче, Демир Капија, Пробиштип и Кичево.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG