Толпата скандираше „Турци надвор!“ додека маршираа низ претежно турската населба во Подгорица, додека бизнисите и автомобилите во турска сопственост беа вандализирани. Инцидентите следеа по тепачка, во која еден Црногорец беше избоден со нож, а беа уапсени осомничени Турчин и Азербејџанец.
Руската нафта е главен извор на пари за војната на Кремљ во Украина. Дали новообјавените санкции на САД против руските енергетски гиганти Лукоил и Роснефт ќе имаат ефект врз воениот фонд на Владимир Путин?
За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
Додека општата инвазија се приближува кон четвртата годишнина, Украина бара ракети „томахавк“ произведени во САД за да ги ослаби воените напори на Русија. Трамп се надева дека ќе може да заврши војната без да мора да размислува за „томахавките“.
На уметничка изложба во Москва беа прикажани Севернокорејци кои се борат против украинските трупи. Овој аспект од руската инвазија Кремљ порано го отфрли како „лажна вест“.
Серија руски напади насочени кон возовите и железничката инфраструктура предизвикаа стравувања дека Кремљ истражува како ќе реагира Киев на прекините во снабдувањето во услови на војната на Русија против Украина.
Експремиерот Бабиш победи на изборите, но нема мнозинство во парламентот. Тој уверува дека ќе се посвети на ЕУ и НАТО, но можеби ќе биде принуден да соработува со евроскептичните партии во Чешка.
Во Централна Азија, полигамијата е забранета со закон, но за многу семејства таа е реалност. За некои жени, станувањето втора сопруга значи финансиска сигурност. Но, честопати по цена на законските права, а понекогаш дури и на слободата.
Во Централна Азија, официјалните фотографии од претседателите честопати се многу ретуширани: брчките се бришат, забите се избелуваат, висината се менува и насмевките се додаваат. Понекогаш уредувањата се толку екстремни што фотографиите стануваат вирални, предизвикувајќи шеги и дебати на интернет.
Вчитај повеќе