Достапни линкови

Вести

Иран ја отфрла можноста за билатерална средба на САД во ОН

Ебрахим Раиси во интервју за CBS
Ебрахим Раиси во интервју за CBS

Иран денеска отфрли каква било билатерална средба меѓу иранските и американските претставници на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк оваа недела за напорите за заживување на седумгодишниот нуклеарен договор и побара „гаранции“. Но, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани изјави дека Техеран не исклучува средба на оваа тема со светските сили. Изјавите на министерството уследија по емитувањето на американското телевизиско интервју со тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси во кое тој сугерира дека Техеран „би бил сериозен за постигнување договор“ се додека „тоа е добар и фер договор“.

Лондон, Берлин и Париз се сомневаат во посветеноста на Техеран во нуклеарната програма

Но Раиси, исто така, повика на „гаранции“ во секој нов нуклеарен договор во светло на одлуката на претходната американска администрација за еднострано повлекување од првичниот Заеднички сеопфатен акционен план од 2015 година, со кој се менуваа ограничувањата на иранските нуклеарни активности за олеснување на санкциите. По 16 месеци меѓународни преговори и индиректни разговори меѓу Техеран и Вашингтон, Европската унија минатиот месец изнесе конечна понуда за надминување на ќорсокакот за заживување на нуклеарниот договор. Во ретко интервју пред посетата на Генералното собрание на ОН, Раиси изјави за програмата „60 минути“ на CBS дека договорот „треба да биде траен“.

види ги сите денешни вести

Масовен украински напад кон Москва и други руски региони

илустрација
илустрација

Украина лансираше повеќе од 100 дронови кон цели во 11 региони низ Русија, вклучувајќи ја и Москва, предизвикувајќи големи прекини во работата на аеродромите во руската престолнина, соопштија воени претставници.

Во меѓувреме, Русија го таргетираше вториот по големина град во Украина, Харкив, со речиси 20 дронови во текот на ноќта на 6 мај, при што беа повредени најмалку четири лица, соопштија локалните обвинители.

Нападите со дронови доаѓаат во време кога Москва и Киев се подготвуваат за прославите на Денот на победата, по повод 80-годишнината од предавањето на нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

Како и обично, воената парада на Црвениот плоштад на 9 мај е централен дел од комеморациите во Кремљ.

Се очекува претседателот Владимир Путин да одржи голем говор во кој ќе ја возвиши улогата на Москва во победата во Втората светска војна, како и целосната инвазија на Русија врз Украина, која сега е во својата четврта година.

И покрај повикот на Путин за тридневен прекин на огнот во украинската војна, почнувајќи од 8 мај, нема знаци за какво било смирување на насилството, ниту на бојното поле ниту во секојдневната размена на напади со беспилотни летала меѓу Киев и Москва.

Се очекува Путин да биде домаќин на 20 светски лидери за настаните по повод Денот на победата, а официјалните лица најавија зголемени безбедносни мерки во Москва пред денот.

Московските власти ги предупредија жителите да не пукаат огномет оваа недела, а исто така предупредија и за прекини на интернетот во регионот, веројатно како начин да се спречат напади со беспилотни летала или други потенцијални напади.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина лансирала повеќе од 100 беспилотни летала кон цели во 11 региони преку ноќ, вклучувајќи го и главниот град.

Министерството тврди дека воздушната одбрана пресретнала или соборила 105 беспилотни летала.

Во Москва, најмалку 19 украински беспилотни летала биле уништени при нивното приближување кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

„Нема „сериозни штети или повреди“ каде што остатоците паднале во близина на еден од главните автопати што водат кон градот“, рече тој.

Летовите на сите четири аеродроми што ја опслужуваат Москва беа откажани, па обновени неколку часа подоцна, соопшти рускиот регулатор за воздухопловство.

Во пограничниот регион Курск, каде што руските трупи неодамна ги потиснаа остатоците од украинските сили што извршија инвазија минатото лето, украинските сили нападнаа електрична трафостаница, според гувернерот Александар Хинштејн.

„Во нападот беа повредени двајца тинејџери и беа оштетени два трансформатори“, рече тој.

Штетата предизвикала прекин на струјата во областа.

Немаше непосреден коментар од Киев за нападот, но украинските власти претходно изјавија дека ваквите напади имаат за цел да погодат воени цели и инфраструктура што се користи за поддршка на воените напори на Москва.

Во Харкив, руски беспилотни летала предизвикаа пожари во четири области на градот, при што беа повредени најмалку четири лица, соопштија локалните обвинители.

Властите во украинскиот Сумски регион, на северозапад, ги повикаа жителите да ги евакуираат домовите во два града во близина на границата откако руските сили истрелаа артилерија во две населени места, при што загинаа три лица, а четворица беа повредени.

Фридрих Мерц треба да биде избран за нов германски канцелар

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц
Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска (6 мај) треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија.

Шефот на германската влада го избираат пратениците на парламентот преку тајно гласање, без претходна дискусија, врз основа на предлог од претседателот.

Како по правило, кандидатот е од партијата што освоила најмногу гласови на парламентарните избори. Овој пат, таа партија е на Мерц.

Во понеделник, лидерите на Социјалдемократската партија на Германија (СДП) и конзервативниот блок на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) потпишаа договор за коалиција, десет недели по предвремените избори за Бундестагот, со што се отвори патот за избор на Мерц за канцелар.

За да стане шеф на владата, Мерц мора да ја обезбеди поддршката од 316 од 630 пратеници.

Мерц ја презема власта откако во ноември минатата година пропадна трипартитната коалиција на канцеларот во заминување, Олаф Шолц.

Германскиот коалициски договор предвидува планови за заживување на економијата, како што се намалување на даноците на корпорациите и намалување на цените на енергијата. Исто така, коалицијата ветува силна поддршка за Украина и поголеми средства за војската.

Мицкоски: Таравари има две опции за избор - реформска влада или оние што ја „клекнаа“ државата на колена

Христијан Мицкоски, премиер на РСМ
Христијан Мицкоски, премиер на РСМ

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди попладневната средба со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило од Алијанса за Албанците.

Од средбата, Мицкоски очекува Таравари да каже дали ќе остане во Владата или ќе оди со ДУИ.

„По мене, има две опции за избор. Едната опција е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција. Би сакал да слушнам од господинот Таравари која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој се осврна и на неговите лични односи со Таравари. Вели дека за Таравари како човек има позитивно мислење, но, како што додаде, во политиката работите се поразлични.

„Тука нема флуидни варијанти. Или имаш или немаш, или држиш до зборо или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку трипати сум покажал и сум го држел зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата“, рече Мицкоски.

Според премиерот, заткулисните игри се провидни и тие лесно се идентификуваат и препознаваат.

„И најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние што ги прават“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека со или без Таравари во Владата, таа е стабилна, цврста и со големо мнозинство.

Неодамна министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити и лидерот на Демократското движење од коалицијата Вреди изјави дека очекува Таравари исто како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, така да ја напушти и Владата и му порача дека „не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата“.

Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговиоте коалициските партии во ВРЕДИ одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.

Британската полиција уапси седум Иранци во антитерористички операции

Илустрација
Илустрација

Британската полиција уапси осум мажи - вклучувајќи седум ирански државјани во две очигледно неповрзани антитерористички операции, соопштија полицајците на 4 мај, додека властите се обидуваат да утврдат дали постојат „понатамошни ризици“ за јавноста.

„Ова беа две големи операции кои одразуваат некои од најголемите антидржавни закани и антитерористички операции што ги видовме во последниве години“, изјави министерката за внатрешни работи Ивет Купер.

Конкретни детали за двете акции не беа веднаш објавени.

Лондонската полиција соопшти дека петмина мажи, меѓу кои и четворица Иранци, биле уапсени на 3 мај под сомнение дека планирале напад на непозната локација. Властите соопштија дека сè уште се обидуваат да ја утврдат националноста на петтиот осомничен.

Одделно, тројца ирански државјани на возраст меѓу 39 и 55 години беа уапсени во Лондон во втора операција неповрзана со првиот случај, соопшти полицијата.

Амбасадата на Иран во Лондон не даде коментар за апсењата.

Во првиот инцидент, мажи на возраст меѓу 29 и 40 години биле приведени во западен Лондон и во Свиндон, Стокпорт, Рочдејл и Манчестер, соопшти полицијата.

„Истрагата се однесува на сомнителен заговор за напад врз одреден објект. Полициските службеници беа во контакт со засегнатата локација за да ги информираат и да им дадат релевантни совети и поддршка, но од оперативни причини во моментов не сме во можност да дадеме дополнителни информации“, се вели во полициското соопштение.

Командантот Доминик Мерфи, началник на Командата за борба против тероризмот на лондонската полиција, изјави дека „се истражуваат различни правци на истрага за да се утврди дали постои понатамошен ризик за јавноста поврзан со овој случај“.

Властите соопштија дека осомничените се испрашуваат и сè уште не се официјално обвинети.

Во друг случај, тројца ирански државјани беа приведени согласно Законот за национална безбедност, соопштија властите, без да дадат дополнителни детали.

Во полициското соопштение се наведува дека претресите на нивните адреси се во тек.

Апсењата доаѓаат во време на зголемени тензии околу сомнителните активности поддржани од Техеран во Велика Британија.

Минатата година, Кен Мекалум, шефот на британската домашна разузнавачка служба, изјави дека од 2022 година, властите одговориле на 20 заговори поврзани со Иран, кои потенцијално претставувале смртоносна закана за јавноста.

Во тоа време, Мекалум рече дека непријателските држави, радикализираните поединци и ревитализираната терористичка група Исламска држава(ИД) ги здружиле силите за да ја создадат „најсложената и меѓусебно поврзана средина со закани што некогаш сме ја виделе“.

Во март 2024 година, Пурија Зераати, раководител на медиумска организација на персиски јазик во Лондон која ја критикуваше иранската влада, беше избоден во ногата пред својот дом во Лондон. Двајца мажи подоцна беа уапсени во Романија и обвинети за нападот врз Зераати, телевизиски водител на новинската мрежа Иран Интернешнал.

R.E.M.: Реобјава на песната „Радио Слободна Европа“ за поддршка на РСЕ

Членовите на бендот R.E.M.
Членовите на бендот R.E.M.

Објавувањето на синглот „Радио Слободна Европа“ во 1981 година беше своевидно претставување на рок бендот R.E.M. на светот. Оваа песна го потсети светот на улогата што ја игра радиодифузерот финансиран од САД во градењето на демократијата во земјите каде што слободното нoвинарство е забрането или сè уште не е целосно воспоставено.

По повод одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите на 3 мај, бендот најави специјално реиздавање на синглот за да ја прослави претстојната 75-годишнина на Радио Слободна Европа, среде борбата за прекин на работата на голем број радиодифузери финансирани од САД, што според многумина е обид да се замолчат продемократските медиуми.

„Без разлика дали е музика или слободни медиуми – цензурата насекаде е закана за вистината. На Светскиот ден на слободата на медиумите, испраќам повик до храбрите новинари во Радио Слободна Европа“, рече Мајкл Стајп, пејач и основач на бендот R.E.M.

Винилот на песната „Радио Слободна Европа“ на R.E.M.
Винилот на песната „Радио Слободна Европа“ на R.E.M.

РСЕ, заедно со другите радиодифузери финансирани од Владата, како што се Гласот на Америка, Радио Слободна Азија, Канцеларијата за радиодифузија на Куба (Радио Марти) и Блискиот Исток радиодифузни мрежи, се во тешки околности откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба на штета на Американската агенција за глобални медиуми (USAGM).

USAGM е независна владина агенција која надгледува неколку радиодифузери финансирани од САД, кои заедно дистрибуираат вести и информации на речиси 50 јазици на околу 361 милион луѓе секоја недела.

Неколку часа по објавувањето на извршната наредба, во писмото од УСАГМ се вели дека грантот одобрен од Конгресот со кој се финансира РСЕ, со седиште во чешкиот главен град Прага, е прекинат, потег со кој радиодифузерот во моментов се бори на суд.

Трамп, кој презеде неколку чекори за намалување на владините трошоци откако ја презеде функцијата по втор мандат во јануари, се судри со USAGM околу уредувачката независност и насоката на програмирање за време на неговиот прв мандат. Тој повторно ја потенцираше таа „загриженост“ откако ја презеде функцијата.

Но, поддржувачите на радиодифузерите велат дека тие се важна рака на американската дипломатија и нивното замолчување ќе биде прославено од авторитарните режими што тие ги изложуваат.

„За мене, музиката на R.E.M. отсекогаш отелотворувала славење на слободата: слобода на изразување, стихови што нè тераат да размислуваме и мелодии што инспирираат акција“, рече претседателот и извршен директор на РСЕ, Стивен Капус.

„Тоа се целите на нашите новинари во Радио Слободна Европа - да информираат, да ги инспирираат и да ги поддржуваат слободите кои често се недофатливи за нашата публика. Ги сметаме луѓето за одговорни, особено оние на кои им се заканува вистината. Тие прават огромни напори за да не замолчат - блокираат фидови и веб-страници, па дури и ги затвораат нашите колеги“.

Реизданието од 2025 во боите на Радио Слободна Европа
Реизданието од 2025 во боите на Радио Слободна Европа

Песната „Радио Слободна Европа“ на R.E.M. лирички се толкува како коментар на желбата за автентични информации среде пејзажот на дезинформации. Оптимистичкиот и жар звук на музиката во контраст со потешките теми за да го долови духот на отпор и надеж.

Тој дух на отпор, вели Мајк Милс, основач на R.E.M., живее во она што тој го нарече „OG“ (Оригинален гангстер) на продемократското емитување.

„Новинарите на Радио Слободна Европа ги нервираат диктаторите 75 години. Знаете дека си ја вршите својата работа кога ќе ги стекнете вистинските непријатели“, рече тој.

Четворица новинари и соработници на РСЕ - Ихар Лосик, Ника Новак, Владислав Јесипенко и Фарид Мехрализада - во моментов се затворени под обвинение поврзани со нивната работа.

Во знак на сеќавање на песната, од R.E.M. рекоа дека објавува портокалова винилна снимка на „Радио Слободна Европа“ со ограничено издание, а приходите од неа ќе бидат за РСЕ.

Репортери без граници: Македонија на 42 место според индексот за слобода на медиумите

Македонија е рангирана на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та.

Во однос на другите земји во регионот, Македонија е по Словенија која е на 33 место и Црна Гора 37, Хрватска е 60-та, Бугарија 70-та, Албанија е на 80 место, Босна и Херцеговина на 86, Грција на 89, Србија на 96 и Косово на 99 место.

Репортери без граници ја оценува состојбата со слобода на медиумите во Македонија како „задоволителна“.

- Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините претставници имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во општата оценка за Македонија.

Извештајот се однесува на изборната 2024 година, во период на поларизирана политичка клима која резултираше со засилен партиски дискурс во јавната комуникација и медиумите.

Овие наоди, според Здружението на новинари на Македонија, претставуваат јасен сигнал до институциите дека се неопходни итни и координирани реформи за зајакнување на медиумскиот сектор и подобрување на положбата на новинарите.

Класификацијата на Репортери без граници опфаќа 180 држави од целиот свет.

Норвешка е на прво место и останува единствената земја во светот која ужива „добра“ оценка за сите пет индикатори на Индексот. Таа го задржа своето прво место деветта година по ред, зголемувајќи го водството пред другите земји. Естонија се искачи на второто место, следена од Холандија, која ја престигна Шведска (сега 4-та) во првите три во светот.

Конститутивната седница на Собранието на Косово е прекината по деветти пат

Собранието на Косово во четвртокот (01.05) го прекина деветтото продолжение на конститутивната седница, откако не помина предлогот на претседавачот на седницата Авни Дехари за тајно гласање за претседател на парламентот.

Против промена на начинот на гласање се изјаснија пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово, а за тајно гласање се изјаснија и Движењето Самоопределување и дел од претставниците на малцинските заедници.

При гласањето за составот на изборната комисија, за него гласаа 55 пратеници, што не беше доволно за да се формира комисијата.

Дехари потоа ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи на 3 мај во 10 часот.


Процесот е во застој со недели, бидејќи победничката партија, Движењето Самоопределување, не ги обезбеди потребните гласови за кандидатот за претседател на Собранието, Аљбуљена Хаџи.

Најголемите албански опозициски партии не го прифаќаат нивниот кандидат, туку бараат некој друг да биде номиниран, што Самоопределување одбива да го стори.

Според деловникот на Собранието, конститутивната седница завршува со избор на претседател и потпретседател, а за да биде избран претседател на Собранието потребни се 61 глас од вкупно 120 пратеници.

Парламентарните опозициски партии оценуваат дека Движењето Самоопределување кое ја предводеше Владата претходните четири години нема доволно гласови за избор и формирање нови институции.


ПССЕ: Македонија бележи напредок, но, загриженост од политизација на судството и од корупцијата

Парламентарно собрание на Советот на Европа
Парламентарно собрание на Советот на Европа

Северна Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува во оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјата, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

Во оценката направена по посетата на земјата, посветена на проценка на реформата во судството и изборната рамка, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата, Арслан и О’Рајли го поздравуваат напредокот постигнат во исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа.

- Задоволни сме од напредокот постигнат од Северна Македонија од последната Резолуција на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот во 2019 година, наведоа двајцата коизвестувачи.

Тие сепак, посочуваат дека се уште постои „итна потреба“ од реформа на изборната рамка во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа.


- Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи, потенцираат Арслан и О’Рајли.

Тие натаму оценуваат дека иако во земјава е постигнат одреден напредок во реформата на правосудството, сепак постои загриженост поради „бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“.

Арслан и О’Рајли во оценката ги повикуваат властите на земјава да ги засилат своите напори за справување со овие појави, преку усвојување на потребните законски измени во соработка со Советот на Европа и други меѓународни партнери.

Коизвестувачите изразуваат и загриженоста поради „лошите услови“ во некои притворски установи и ги повикуваат македонските власти без одлагање да ги спроведат преостанатите препораки на Комитетот против тортура на Советот на Европа.

- Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, заклучија Арслан и О’Рајли.


За време на минатонеделната посета на земјава, коизвестувачите имаа средби со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставници на сите пратенички групи, како и со членови на повеќе собраниски комисии и на делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ.

Арслан и О’Рајли, исто така, се сретнаа и со министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии на Врховниот и Уставниот суд, со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, со народниот правобранител Насер Зибери, како и со јавни обвинители, членови на државните комисии за заштита на дискриминацијата и за спречување на корупција и на Државната изборна комисија избори, претставници на повеќе невладини организации и дипломати.

Руски беспилотни летала бомбардираа градови во Украина, има загинати во Одеса

Одеса, 01.05.2025
Одеса, 01.05.2025

Руската армија нападна неколку региони на Украина со беспилотни летала, соопштија локалните власти, наведувајќи дека најмалку две лица загинале во Одеса.

Воздушните предупредувања беа активирани во 11 региони на Украина за време на нападот доцна на 30 април и во текот на ноќта.

Нападот на црноморското пристаниште Одеса погоди станбена област, при што беа повредени пет лица, покрај двата смртни случаи, изјави гувернерот на Одеса, Олех Кипер на Телеграм.

Кипер рече дека рускиот напад на Одеса оштетил и високи згради, куќи, супермаркет и училиште.

„На некои места избувнаа пожари кои нашите спасувачи ги гаснат“, додаде тој.

Кипер претходно предупреди за заканата од напади со беспилотни летала, предупредувајќи ги жителите на Одеса и регионот да се засолнат.

„Итните и комуналните служби работат на терен за да ги елиминираат последиците од нападите и да им ја пружат потребната медицинска помош на жртвите“, рече градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов на Телеграм.

Украинските војници скептични за 72 часовната понуда на Путин за прекин на огнот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00


Експлозии се слушнаа и во североисточниот град Суми, а предупредувањата за воздушни напади беа активирани на неколку места, вклучувајќи ги Суми, Киев, Харков, Чернихив, Доњецк, Днепропетровск и Запорожје.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехова, објави дека дрон погодил на границата на два окрузи во градот. На местото на ударот избувнал пожар, а неутврден број луѓе се повредени.

Терехова подоцна извести дека дронот удрил во бензинска пумпа во областа Киев.

Источниот град Харков исто така беше нападнат, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов, повикувајќи се на прелиминарни информации. Тој додаде дека поради тоа избувнал пожар.

Нападите дојдоа кога Соединетите Американски Држави и Украина потпишаа договор за минерали за кој администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е и економско партнерство како признание за „значајната финансиска и материјална поддршка што народот на Соединетите Држави и ја обезбеди на одбраната на Украина по целосната инвазија на Русија“.

По првичното двоумење, Украина го прифати договорот како начин да обезбеди долгорочни инвестиции од Вашингтон.

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност

Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет
Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да се постигнат само со нов пристап, промена на закони и кадровско зајакнување.

Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките, Камбовски остро реагираше на тоа што, и покрај добрите закони, судството не ги добива предвидените средства и е блокирано од бирократски процедури.

„Не треба да се престане со реформи. Очигледно во минатото тие реформи не вродиле плод. Треба да се промени начинот на кој што се прават тие реформи, да се промени матрицата на размислување и конечно веќе судството да ја добие финансиската независност која што му припаѓа согласно законот. Бидејќи не можеме да зборуваме за независност на судство, доколку тоа исто судство е зависно од некоја од другите власти“, истакна Камбовски, додавајќи дека проблемот не е само во институционалните објекти, туку и во човечките и техничките капацитети.

Според него алармантно е што околу 200 вработени во судовите остануваат без продолжени договори.

„Имавме околу 200 луѓе на ниво на цела држава кои што имаа до 31 март договори на неопределено време. Меѓутоа, до денеска не им се продолжени договорите, ниту се објавени нови огласи. За секое вработување мораме да добиеме согласност од Министерството за финансии. Ако навистина сакаме финансиска независност, тогаш судството не треба да зависи од вакви одобренија, кои некогаш не ни ги добиваме“, посочи Камбовски.

Во однос на транспарентноста и довербата на граѓаните во судството, Камбовски смета дека персоналните оставки не се решение за системските проблеми.

„Оставките не се реформи. Судскиот совет е целосно променет. Впечатокот што се влече е од минатиот состав на Судскиот совет. Сега половина од судскиот совет е променет и така го замислил уставотворецот судскиот совет постојано внатре да има флуктација на нови членови, а доколку сакаме навистина да направиме некоја реформа, таа се прави на друг начин, со промена на законот, со намалување на мандат, со депрофесионализација на судски и обвинителски совет, а само персонални промени, тука нема ништо, која е гаранцијата дека новите членови што ќе дојдат ќе бидат подорбри“, рече Камбовски.

Тој меѓудругото, информираше и дека изборот за нов претседател на Врховниот суд е при крај и се очекува наскоро да биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници на Судскиот совет.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG