Во 7 часот денеска (19.10.2025) почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.
Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Локални избори 2025 - Северна Македонија избира градоначалници и општински советници

1
Избирачките места се отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.

2
За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати.

3
Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

4
Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи, а се гласа во 80 општини и во Град Скопје