Жителите на Костјантинивка бегаат поради руските напади со дронови

Жители на Костјантиновка

Во страв од секојдневните руски напади со беспилотни летала, жителите на Костјантинивка масовно ги напуштаат своите домови. Градот во Донецк, кој порано броеше десетици илјади жители, сега станува симбол на тишина и отпор.

Жена се збогува со својот дом кон крајот на јули во украинскиот град Костјантинивка, во регионот Донецк.

Потресени од зголемениот број русики напади со беспилотни летала, жителите на Костјантиновка во украинскиот регион Донецк ги напуштаат своите домови додека борбите во областа се интензивираат.

Некогаш дом на повеќе од 60.000 луѓе, Костјантинивка долго време е клучно украинско упориште во воено разурнатиот регион Донецк.

Сега, со околу 8.200 преостанати жители, стратешкиот град е под постојана закана од руски беспилотни летала, за кои локалното население вели дека често ги брка, удирајќи ги нивните долгогодишни домови.

Видете и ова: Украинските антикорупционери открија измама со купувањето дронови

Во разговор за украинскиот сервис на РСЕ, жителката на Костјантинивка, Оксана, кон крајот на јули рече дека доживеала вакви инциденти во минатото.

„Ти се приближува и почнува да лета наоколу. Се криеш - одлетува“, рече таа, додавајќи дека нејзиното семејство сега размислува да избега од областа.

Како и Оксана, многу други цивили исто така размислуваат дали да останат во Костјантинивка, и покрај недостатокот на доволно ресурси.

Во видео кое прикажува јагленисани делови од градот и патишта покриени со мрежи против дронови, РСЕ ги сними збогувањата на оние кои претходно одлучиле да останат.

Обидувајќи се да ги опколат и Костјантинивка и Покровск, руските сили се обидоа да ги заземат клучните патишта што водат подлабоко во регионот Донецк и да отворат пат кон регионот Дњепропетровск.

Видете и ова: Воените конфликти ги менуваат мапите на воздушните рути низ целиот свет

И покрај тврдењата на руските воени претставници, копнените напади не донесоа никакви стратешки придобивки во летната офанзива.

Сепак, во комбинација со напади со дронови и наведувачки бомби, Русија се чини дека постигнува барем една од своите цели: депопулација на областа, оставајќи им на своите војници појасен пат низ во голема мера напуштените градови со намален цивилен отпор.

Додека ја напуштаа Костјантинивка, некои жители за РСЕ рекоа дека претходно престојувале во градот надевајќи се на мир. Други не можеа да поднесат да ги напуштат домовите во кои живееле со години.

„Имав сомнежи. Нешто ме држеше тука“, рече една постара жителка, молејќи се за Божја милост додека го напушташе градот возејќи се со членовите на хуманитарната мисија.

„Збогум, куќа моја“, повтори таа низ солзи, бакнувајќи ја влезната врата за последен пат.