Граничниот премин меѓу Иран и Ерменија беше преплавен со луѓе на 17 јуни, бидејќи голем број Иранци се обидуваа да ја избегнат заканата од израелските воздушни напади. Некои луѓе, кои го напуштаат Иран, рекоа дека стравуваат дека која било локација може да стане цел на израелски напад.
Станбени области во главниот град на Украина, Киев, беа погодени од масовен руски ракетен и беспилотен напад на 16-17 јуни, при што загинаа најмалку 14 луѓе и беа ранети 55. Нападот во текот на ноќта врз главниот град и другите градови низ земјата беше еден од најсмртоносните досега.
Израелските воздушни напади беа насочени кон клучните објекти и фигури во иранската програма за нуклеарен развој. Официјални лица велат дека десетици цивили, исто така, се убиени, предизвикувајќи широка вознемиреност кај обичните Иранци, како што раскажаа за Радио Фарда на РСЕ.
Вчитај повеќе