Петровска: Отсуството на дебата за претходните резултати придонесоа за сегашниот пораз

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Петровска: 15 месеци не видовме никаква инвестиција во одбранбената индустрија

СДСМ не смее ни да го игнорира, ни да го заборави поразот, вели во интервју за РСЕ пратеничката Славјанка Петровска. На прашањето дали Филипче треба да остане лидер, одговара дека опстанокот на СДСМ не зависи од една личност, туку од способност на тимот да ја врати партијата на победничката патека.

126,000 гласови на локалните избори и шест освоени општини. Резултат за којшто координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Оливер Спасовски рече дека е најлош изборен резултат на партијата. На што вие лично го припишувате ваквиот исход?

Мислам дека многу причини се кои доведоа до ваквиот пораз. Пораз којшто да, за жал, е најголем во историјата на постоењето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и кој заради никакви причини не смееме ниту да го игнорираме, ниту пак да се обидеме времето да го заборави. Тоа ќе биде повторно најлошо нешто што може да му се случи на СДСМ и мислам дека тоа секој еден од нас, без оглед на тоа дали сме дел од пратеничката група, дали некој е дел од актуелното раководство или едноставно член кој е загрижен, не треба да го остави на случајност.

Кои се причините конкретно, веќе во партијата се започнати процеси на консултации или дискусии помеѓу разни групи, пратеничка група, градоначалници, кандидати и така натаму, раководство верувам, за да се искаже мислењето, ставот на секој еден од нас поединечно за тоа кои беа причините за овој пораз. Ако јас се прашувам и за да одговорам на вашето прашање, јас ќе кажам дека ни требаат неколку часа емисија за да ги наведам сите причини.

Меѓутоа, вака во една реченица ќе кажам дека неодговарањето на прашањата за тоа зошто минатата година го доживеавме поразот, па ако сакате да се вратиме и наназад на изборите циклуси локалните во 2021 година, па и резултатот којшто иако беше поволен да кажам во 2020 година врз основа на кој формиравме влада тогаш, сепак не не беше по мене задоволителен.

Видете и ова: Државната изборна комисија ги прогласи локалните избори за официјално завршени

Мислам дека отсуството на вистинска дебата за овие изборни резултати претходно дополнително се разбира со приликите во државата, мислам дека допринесоа за ваков пораз.

После поразот на минатите избори на парламентарните се кажа дека и ќе се прават анализи, што што придонесе за до тој пораз. Има ли после изминативе изборни циклуси конкретни анализи што точно се проблемите во коишто е предизвикан тој пораз?

Тие анализи, јас за да ги сметам за анализи мора да бидат во пишана форма и мора да бидат усвоени од органите на на партијата, телата на партијата. За жал, имавме еден Конгрес кој се одложи, зборувам за минатата година. Негов епилог немаше, значи никој не дискутираше иако извештај формално беше поднесен, меѓутоа дискусија немаше и мислам дека дека таквото однесување или третирање на на еден изборен резултат не смее да се повтори и оваа година.

Што може да се очекува во СДСМ до претстојниот Конгрес во декември?

Па мислам дека претседателот актуелен има сериозна задача и сериозен предизвик, а тоа е освен овие анализи и дискусии, се разбира дека ќе треба да понуди предлог, платформа или како и да се нарече, начин на којшто СДСМ ќе излезе од оваа ситуација, не би рекла дека е поволна и не би рекла дека е добра од две причини.

Прво заради тоа што СДСМ е партија која постои со осамостојувањето на оваа држава и зад себе покрај грешките од минатото, се разбира и поблиското и подалечно, меѓутоа имаме исклучителни големи резултати и голем влог во оваа држава. Партија како СДСМ па и кога сме биле во опозиција и е нужно неопходна на Македонија заради граѓаните. И за да не дозволиме да ни се повторуваат некои сценарија од поблиското минато, кога години ни требаше да се ослободиме од некаков режим.

Видете и ова: Убедлив триумф и опасноста од апсолутната моќ

Во секоја држава, особено во вакво опкружување опозицијата е потребна за граѓаните и за државата, така што тоа се за мене две клучни причини или голем предизвик заради кои претседателот ќе мора да ја понуди како што реков програма, платформа или како и да се нарече тој предлог.

Колку изборниот пораз е резултат на внатрепартиската организација, колку на конкуренцијата? Ги имавме Левица, голем број на независни листи на овие локални избори.

Па да, поразот можете да го препишете на повеќе фактори. Се разбира дека кога се анализира еден пораз анализирате целосно и организациски од аспект, од аспект на поставеност на партијата, мотивираност на членството, меѓутоа и од аспект исто така на кандидати, дали кандидатите некаде биле соодветни, не зборувам само за кандидатите за градоначалници, за советничките листи каде што имате повеќе луѓе.

Зависи и од самата кампања, која порака сакате да ја праќате, како успевате да ги изменаџирате пораките, сега бидејќи ние сме опозиција - од позиција на опозиција, како успевате да ги изменаџирате или одговорите на пораките на власта, која што ако го земеме во предвид дека најголемиот дел од градоначалниците до пред изборите кои беа актуелни беа од ВМРО-ДПМНЕ, а гледате дека горе-долу истите и подобар резултат се разбира имаат од претходниот, веројатно тука треба да ја гледаме каде сме погрешиле, односно каде партијата, Централниот штаб, раководството, па и сите кои сме составен дел на на СДСМ е направена грешката.

Сметате ли дека претседателот Венко Филипче се уште треба да биде претседател на партијата после овој изборен резултат?

Па тоа се прашања кои се поставуваат кога има внатрепартиски избори. Статутот на СДСМ е многу јасен во тој дел. Изборот на претседател на партијата, ние сме единствена партија која тоа го прави на непосредни избори со гласање. Такви избори имаше минатата година, јас бев еден од кандидатите. Имаше и оваа година кога тој беше единствен кандидат.

Претпоставувам причината заради која што во март оваа година кога беа изборите немаше немаше дополнителни, односно други кандидати, претпоставувам беше размислувањето дека треба да му се даде шанса да видиме каква ќе биде, ќе биде работењето и функционирањето на партијата.

Ако ме прашате дали треба да се продолжи со некоја пракса која не е секогаш пракса во СДСМ, а тоа е после изборен пораз да си поднесе оставка претседателот, јас мислам дека треба малку да се запрашаме. Не заради Венко Филипче, туку заради партијата, а тоа е дека и во минатото имаме примери кога имало изборни порази, меѓутоа претседателите на партијата не поднесувале оставка, па можам да речам дека дури и во периодот потоа добивале подобри резултати.

Видете и ова: СДСМ победи во Центар и во уште две општини, Филипче не поднесува оставка

Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност. Мислам дека е многу важно после овој изборен пораз и после сите анализи, дискусии, дебати коишто ќе се направат, СДСМ да излезе со тим на луѓе кои ќе знаат како да ја вратат СДСМ на победничката патека.

Дали поделбите во СДСМ се од организациски, идеолошки или пак можеби од лични причини и основи?

Па ако сме сите во партијата заради идеологија, тогаш не би требало да има поделби. А тогаш веројатно можно е, можеби дел од различните мислења јас би ги нарекла, бидејќи за да констатираме дека има поделба треба да има група на луѓе кои јасно се одделуваат или се спротивставуваат на нештото.

Ако еден или двајца изразиме различно мислење, тоа не значи поделба. Тоа значи различно мислење и јас тоа мислење без разлика дали некогаш се контрирало или било спротиставено на моето или исто, јас со тие мислења ги почитувам.

Но, претседателката Чупаска што даде оставка од позицијата рече дека има судир на различни концепти.

Па да, меѓутоа ќе треба веројатно јас очекувам таа оставка да биде како и другите оставки, односно оставката на претседателот на градската мислам, мислам дека друга оставка немаше, да бидат образложени на централниот одбор, затоа што би било неодговорно оставките на носители на функции од најтесното раководство да завршат само со соопштение во јавноста или со информација во јавноста дека оставка е поднесена.

Oсобено како што и самиот рековте, ако во таа оставка се наведува дека разидувањето со концепт, со стратегија и начин на дејствување се спротивставува, тогаш веројатно јас да сум на нивно место би чувствувала обврска и должност спрема членовите на на органите на партијата да образложам зошто сум го направила тој чекор.

Има ли од друга страна поделби во рамки на пратеничката група на СДСМ во Собранието?

Не, од она што јас можам да го увидам во изминатава година и нешто како функционираме, не. Сме имале можеби различни гледања, различни размислувања за тоа дали во одредена ситуација треба да постапиме малку пожестоко или да имаме некој друг тип на стратегија, меѓутоа не би го нарекла тоа поделба, далеку од тоа.

Две недели по завршувањето на локалните избори, Собранието се уште нема одржано ниту една пленарна седница. На првата координација со пратеничките групи во Собранието, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши кажа дека не е разговарано за нов кривичен законик. Тоа е нешто кое што изрично го бара и Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија. До каде е таа постапка и што се случува конкретно по ова прашање?

Многу е тешко да одговорам на ова прашање од позиција на опозиција, особено кога власта е поприлично затворена за суштински закони ќе кажам. Затворена од аспект на тоа дека или владата не ги поднесува или ги поднесува во скратена процедура преку група на пратеници и тоа е и забележано во извештајот на Европската комисија.

Видете и ова: Гаши: Ќе се разговара за нов Изборен законик, за измени на Кривичниот законик уште нема предлог од Влада

Не сметам дека она што го пишува во извештајот на Европската комисија, а јас секогаш им верувам на извештаите, затоа што тие ја отсликуваат реалноста. Европската комисија нема никакви причини, особено администрацијата во Брисел нема никакви причини да пишува во извештаите невистина, затоа што информациите, податоците ги добива на различни начини во различни во различно време.

Значи во текот на целата година се следи напредокот преку нивниот преку нивниот механизам, преку нивната методологија, се следи напредокот на државата и јас би рекла дека извештајот, не извештајчето дека е поприлично точен и ја отсликува реалноста во оваа држава.

И ако ја видите агендата на Собранието или што све како закони сме донеле изминатата година, тогаш нема ќе видите дека на таа агенда на дневните редови и на усвоените закони не се наоѓа ниту еден закон од европската агенда и дека констатацијата која е дадена впрочем во извештајот е навистина точна.

Мислам дека во периодот кој ни претстои како пратеници, организирани во пратенички групи, неорганизирани на координациите кај претседателот или во други различни видови на форуми, ова ќе мора да го да го надминеме. И ако ВМРО-ДПМНЕ додека беше опозиција критикуваше за бројот на закони во со европско знаменце, сега треба да си признаат дека неколкукратно повеќе го зголемија бројот на носење на закони во скратена постапка. А по број може да речете дека се донесени многу закони, но во суштина ќе видите дека тие закони не допираат она што е од исклучителна важност за нашите граѓани.

Кога сме кај извештајот на Европската комисија, многу критики во многу области беа посочени. Каков ефект од тоа може да очекуваме?

Ако владата има искрена и чесна намера за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, тогаш мислам дека јасни се насоките што треба да направиме.

После извештајот колку се реални надежите дека може да се направи некаков исчекор за излегување од ќорсокакот во кој што се наоѓаат ЕУ аспирациите на земјата?

Два моменти се важни во извештајот. Првиот момент е се разбира спомнувањето на неисполнувањето на обврската за уставни измени за кои што оваа влада додека беа во опозиција, сите се сеќаваме дека имаа едно големо ветување, а тоа е дека ќе биде репреговарана Преговарачката рамка. После 16 месеци јас барем, а верувам и пошироката јавност не сме виделе било каков основ да веруваме дека таа Преговарачка рамка може да биде репреговарана.

Напротив од изјавите на високите претставници на Европската Унија, на Европската комисија гледаме дека таа рамка нема да биде репреговарана и сега тука е одговорот што владата треба да го даде, кој е нивниот план, но она што е многу посуштински и кој што не смее да им биде изговор на владата би рекла и на општеството.

Видете и ова: Мицкоски за Извештајот на ЕК: Да ги донесеме уставните измени за петка и повторно ново вето

Но, владата секогаш власта ја има одговорноста во една држава е тоа дека останатите забелешки од извештајот не смее да ги сведе на ниво на ситни забелешки и на ниво на тоа дека ова некој некаде таму во некој извештај ќе го напишал.

Премногу се сериозни забелешките. Видете за првпат имаме јасни забележувања дека во клучни сектори, во клучни области не е забележан никаков никаков напредок. Дури и во оние кои што имаше напредок. Некаде во некои дека има уназадување, односно враќање чекор назад. За тоа не ни требаат Бугарите во Уставот.

За овој скандал што се случи со злоупотребата на ИПАРД средствата не е поврзано со уставните измени. Тоа не ни го направи некој од Брисел. Злоупотребите се направени од луѓе блиски до власта и дел од власта.

Видете и ова: Неизвесност за поврат на пари поради стопирани исплати - европскиот ИПАРД на пауза

Така што тука малку да не ја фрламе целата вина или целото зло на Европската комисија и на Европската Унија, туку власта е крајно време да превземе дел од одговорноста и да прифати дека дури и во она што им беше главен адут пред изборите, а тоа е најавуваната борба против корупцијата има една реченица која што вели дека е недоволна па дури и дека недоволно се обрнува внимание на превенцијата на корупцијата. Тоа што ви покажува дека не се сменети правила и процедури кои можат да превенираат корупција. Едно е борбата, меѓутоа превенцијата е особено важна. Така што тоа се сигнали на кои владата треба да даде одговор.

Пред извесно време Владата најави инвестиција од 150 милиони долари во воената наменска индустрија за која што дополнително премиерот најави дека инвестициите ќе пораснат до една милијарда во оваа сфера. Земјите во светот, па и соседите гледаме дека купуваат оружје. Дали на државата и е потребно дополнително вооружување?

Во делот на одбраната и јакнење на одбранбените капацитети, имаме многу јасна долгорочна стратегија која е пресликана во долгорочниот план за развој на одбранбените способности и капацитети на државата и тоа е за период од повеќе години и тоа е тоа што ние мора да го исполниме. Не заради тоа што сме членка на НАТО, туку заради јакнење на националните одбранбени капацитети.

Јас во изминатиот период не можев да видам промоција на или потпишување на некој поголем проект во делот на одбраната, зборувам од аспект на набавка, освен промоција на испораката на возилата кои договор беше склучен во времето на Владата на СДСМ. Тоа е со Соединетите Американски Држави, опремата, односно артилерискиот систем потпишан со Република Турција и продолжувањето на спроведувањето на проектот со Република Италија за набавка на повеќенаменските хеликоптери.

Видете и ова: Србија издвојува најмногу за оружје во регионот, поради, според Вучиќ, новите закани од соседството

Нов проект, а има многу на листата, јас не можев да видам. Како Собрание не сме известени за нешто такво. Особено не можам да видам реализација на еден проект којшто започна со анализа и таа анализа беше завршена во 2023-та на крајот или почетокот на 2024-та, а тоа е за потребата и неопходноста од набавка на исто повеќенаменски дронови.

Така што не можам да видам исход од проектите кои беа завршени, а чекаат само имплементација во делот на реформа на системот за цивилна заштита и управување со кризи. Така што мислам дека во тој дел, а тоа се суштински и дел поврзан исклучиво со одбраната, меѓутоа дел е поврзано со заштитата на граѓаните и на населението, не можам да видам реализација и навистина искрено многу жалам.

Не знам што го спречувало тоа. Имаме убедувања дека буџетот на одбраната на националната одбрана постојано расте на Министерството за одбрана. Јас и минатата година предупредив и оваа година го повторувам истото, а тоа е дека буџетот на Министерството за одбрана не е доволен за да ги имплементира сите преземени обврски кон националната безбедност и особено не е доволен да ги направи поттик на вработените, на онаа што е жива сила, на онаа што е најклучниот дел би рекла од еден систем на одбрана и гарантирање дека ќе имаме одржливост на целиот систем.

Се надевам дека можеби ако во реконструкцијата се направат некои посоодветни промени, дека овој процес којшто во глобала е закачен ќе биде откочен.

Да, имам забелешки на тоа што веќе повеќе од 15 месеци не видовме никаква реална инвестиција во делот на воспоставување, односно градење на капацитети за одбранбената индустрија, без разлика дали тоа би биле приватни инвеститори или соработка на државата со приватни партнери, па дури и држава со држава. Така што мислам дека, за жал, ќе констатирам дека сега останува се само на најави и добро прочитани изјави.

Кога ги споменавте дроновите во 2023-та година од позиција на министерка за одбрана изјавивте дека со компанијата АТС од Самоков ќе се развие првиот македонски дрон за разузнавачки мисии, борбени дејствија, цивилни потреби. Зошто не се реализираше таа инвестиција?

Тоа беше најавено и започнавме со некаков вид на формализирање, ајде да кажам, меѓутоа беа распишани изборите, сметавме дека е некоректно во рамки на изборите да користиме и злоупотребуваме некоја приватна компанија.

Идејата беше да Министерството за одбрана со своите капацитети кои ги има, тоа е пред се полигонот Криволак кој би служел како место каде би можеле да бидат тестирани овие дронови, но исто така со експертизата која ја имаме во рамките и на министерството и на Армијата, а дополнително со финансиска поддршка од државата која што таа инвестиција би ја определила како стратешка инвестиција и од стратешко значење, идејата беше да се реализира оваа инвестиција.

Зошто не е таа се уште реализирана, јас од оваа перспектива и после година и нешто не би знаела да одговорам. Меѓутоа, веројатно дали е можеби одлука на инвеститорот или одлука на владата. За жал, во тој дел имаме малку нетранспарентно водење на политиката во Министерството за одбрана каде најчесто известувањата на министерството се во парламентот, се извинувам, се сведуваат само на би рекла протоколарни известувања.