Достапни линкови

Како Кина може да одговори на санкциите на САД против најголемите руски нафтени компании?


Резиме

  • САД воведоа санкции за руските компании Rosneft и Lukoil, со што ги нарушија глобалните енергетски пазари и ги натераа кинеските државни нафтени гиганти да го запрат увозот на руска нафта.
  • Кина, која е еден од најголемите купувачи на руска нафта, ги зголемува своите резерви и би можела да користи посредници за да се снајде со санкциите и да обезбеди руска сурова нафта по пониска цена.
  • Целта на санкциите е да се изврши финансиски притисок врз Русија поради војната во Украина, но нивното влијание зависи од тоа како ќе се спроведуваат — особено кога станува збор за секундарни санкции кон земји како Кина и Индија.

Американските санкции против руските нафтени гиганти Розњефт и Лукоил ги вознемирија глобалните енергетски пазари и ги натераа најголемите кинески државни нафтени компании да го запрат увозот на руска сурова нафта.

Иако сега се соочува со сериозни казни доколку продолжи да соработува со санкционираните руски компании, Кина — еден од најголемите купувачи на руски енергенси — има своја стратегија за справување со последиците, велат експертите.

Кина со месеци ги зголемува своите резерви на нафта, заштитувајќи се од можни шокови, а кинеските нафтени компании би можеле да најдат начини да се снајдат во услови на санкции и да продолжат да купуваат руска нафта по пониски цени.

Прекинот на кинескиот увоз на руска сурова нафта би можел значително да ги намали приходите на Москва од нафтата, додека администрацијата на американскиот претседател Donald Trump се обидува да изврши дополнителен притисок врз Кремљ, во рамки на напорите да посредува во преговори за крај на војната во Украина.

Санкциите на САД, објавени на 22 октомври, ги исклучија руските компании од американскиот банкарски систем, спречувајќи ги да работат во американски долари. Сите што ќе ги прекршат овие мерки може да се соочат со строги казни, вклучително и секундарни санкции.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека влијанието на американските санкции во голема мера ќе зависи од тоа колку строго ќе се спроведуваат и дали Вашингтон е подготвен да воведе секундарни санкции за земјите што ќе продолжат да соработуваат со „Росњефт“ и „Лукоил“.

„Сè уште не е јасно дали САД ќе ја исполнат заканата за секундарни санкции со реална примена на новите казнени мерки што ги воведоа,“ напишаа на 23 октомври Дејвид Голдвин, поранешен специјален пратеник на САД за меѓународни енергетски прашања, и Андреа Клабу, соработничка во Atlantic Council, во текст објавен на веб-страницата на овој вашингтонски тинк-тенк.

„Кинеските рафинерии, од своја страна, веќе се добро извежбани во избегнување на американските санкции и обично можат да најдат заобиколни решенија доколку и понатаму сакаат да ја добиваат таа руска нафта по поволни цени.“

Колку руска нафта купува Кина?

Кина во голема мера се потпира на увоз на руска нафта. Rosneft и Lukoil минатата година испорачаа околу една четвртина од вкупниот руски извоз на нафта во Кина, покажуваат податоците на аналитичката компанија Кплер.

Дури 20 проценти од кинескиот увоз на сурова нафта — околу два милиона барели дневно во првите девет месеци од 2025 година — дојдоа од Русија, што ја прави еден од водечките извори на нафта во Кина за преработка во производи како дизел, бензин и пластика.

Откако Европската Унија ја намали поголемата состојба од увозот на руска нафта кон крајот на 2022 година, Кина купи околу 47 проценти од руската нафта, а Индија 38 проценти, покажуваат податоците на Центарот за ненергетски истражувања и чист воздух. C

Поголемиот дел од руската нафта во Кина се испорачува по морски пат, а енергетските аналитичари велат дека Рознефт и Лукоил најчесто ја продаваат својата нафта преку посредници, наместо да работат директно со купувачите.

Според Ројтерс, кинеските национални нафтени компании PetroChina, Sinopec, CNOOC и ZhenHua Oil ќе се воздржат од купување руска нафта што пристигнува по морски пат. Се очекува и независните рафинерии да ги запрат купувањата додека ги проценуваат последиците од санкциите.

Новите санкции значат дека купувачите ќе бидат неволни да купуваат руска нафта директно, што ќе ги примора компаниите да се потпрат на подолги синџири на посредници за изнајмување танкери и продажба на нафтата — што пак носи дополнителни трошоци и компликации.

Сепак, не е јасно колку долго ќе трае оваа обустава.

Неизвесно е и како санкциите ќе влијаат врз приближно 900.000 барели руска нафта дневно, кои се извезуваат во Кина преку цевководи, врз основа на долгорочниот договор меѓу Рознефт и државната Кинеска нафтена корпорација.

Што вели Пекинг за санкциите на САД?

Пекинг се спротивстави на потегот на САД. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гио Хијакун на 23 октомври изјави дека „Кина доследно се спротивставува на еднострани санкции што немаат основа во меѓународното право и не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“.

Во меѓувреме, Европската Унија посебно се согласи да воведе постепена забрана за увоз на руски течен природен гас, а на својата санкциска листа додаде и две кинески рафинерии: Лијаојанг Петрохемија и Шандонг Јулонг Петрохемија.

Пекинг соопшти дека официјално вложил протест до Брисел поради потегот на ЕУ.

„Кина силно осудува и цврсто ги отфрла повторените незаконски еднострани санкции на ЕУ против кинеските компании поради прашања поврзани со Русија,“ изјави Гио Јакун. „Повеќепати нагласивме дека Кина не ја предизвика украинската криза, ниту пак е страна во неа.“

Може ли Кина и понатаму да купува руска нафта?

Досегот на американските санкции е огромен, а губењето пристап до американскиот финансиски систем би можело да претставува егзистенцијална закана за многу големи кинески банки и конгломерати.

„Најдобрата опција за администрацијата на Доналд Трамп е да спроведе санкции на неколку истакнати примери, додека истовремено ѝ ветува на Кина и Индија дека нема да бидат долго отсечени од руската нафта — доколку Владимир Путин седне на преговарачка маса,“ напишаа Дејвид Голдвин и Андреа Клабу во извештајот а Антланстскиот совет.

Русија има еден месец да се подготви пред ограничувањата да стапат на сила кон крајот на ноември и заедно со кинеските ентитети располага со неколку потези за избегнување на најлошото сценарио.

Москва со години наоѓа начини да ги избегне западните санкции преку непроѕирни трговски шеми и преку својата мрежа од таканаречена „сенка флота“ — стари танкери што пловат под сомнителни знамиња и формално се водат на фантомски компании со седиште на Блискиот Исток и во Азија.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина во 2022 година, Пекинг ги ограничи трансакциите на своите големи банки со Русија и руските компании. Кина претходно користеше помали банки со ограничена изложеност кон западниот финансиски систем и пошироката кинеска економија за работа со санкционирани добавувачи — како во случајот со увоз на нафта од Iran.

Изгледа дека Кина, исто така, складира нафта од почетокот на оваа година.

Иако Пекинг не објавува прецизни бројки за своите резерви на нафта, аналитичарите на JPMorgan Chase наведуваат дека нивните пресметки покажуваат дека околу еден милион барели дневно се складираат за идни потреби.

Нивните процени укажуваат дека кинеските резерви моментално изнесуваат околу 1,25 милијарди барели, а се очекува да достигнат 1,5 милијарди барели следната година — што би му овозможило на Пекинг да ја издржи краткорочната пауза во увозот додека ја проценува тежината на санкциите.

За споредба, американските стратешки резерви на нафта во моментов содржат 831 милион барели.

XS
SM
MD
LG