16 лица загинаа кога на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година се урна бетонска настрешница на проект изведуван од Кина. Семејствата сè уште чекаат правда, протестите растат, а српската влада молчи.
Украинската војска се соочува со криза со војници, влошена од лицата кои избегнуваат регрутација и дезертерите кои се обидуваат да ја напуштат земјата. На границата со Романија, мажите кои се обидуваат да избегаат од служба или регрутација им плаќаат на шверцери за да ја напуштат земјата.
Руската нафта е главен извор на пари за војната на Кремљ во Украина. Дали новообјавените санкции на САД против руските енергетски гиганти Лукоил и Роснефт ќе имаат ефект врз воениот фонд на Владимир Путин?
По целосната инвазија врз Украина, Русија се фокусираше на заземање на целиот источен регион Донбас во Украина, кој ги вклучува териториите Донецк и Луганск. Зошто Путин сака целосна контрола врз таа територија?
Пред дваесет и пет години, продемократските протести во тогашна Југославија го принудија авторитарниот лидер Слободан Милошевиќ да се повлече од власта на 5 октомври 2000 година. Исти активисти и на актуелните протести во Србија.
На претстојните локални избори во Косово, на 12 октомври, само 20 жени се кандидираат за градоначалник на општина, во споредба со 186 мажи. Во две општини долго доминирани од истите политички партии, две жени од различни партии се стремат да создадат историја.
Скопје со децении живее со истите изборни ветувања. Трамвајот, Луна паркот, Универзалната сала и чист Вардар се уште се само предизборни приказни. Реалноста е ѓубре, нефункционален превоз и запуштен град.
Во Централна Азија, полигамијата е забранета со закон, но за многу семејства таа е реалност. За некои жени, станувањето втора сопруга значи финансиска сигурност. Но, честопати по цена на законските права, а понекогаш дури и на слободата.
Жители на Трубарево се плашат за здравјето по пожарот во рециклаторен центар за отпад. ИЈЗ соопшти дека нема опасни нивоа на тешки метали во почва и радиокативност во вода. На местото каде гореле батерии има зголемено присуство на бакар и цинк. Се очекуваат резултати за квалитетот на воздухот.
Првиот училишен ден во Украина значи цвеќе за наставниците, ранци и ѕвончиња. Денес, тоа значи и страв. Во Павлоград, до линијата на фронтот во земјата разурната од војна, учениците се враќаат во училниците и засолништата со почетокот на новата учебна година.
Украина соопшти дека нејзините тенковски и беспилотни летала продолжуваат да се борат против руските сили кои се пробија во близина на градот Добропиља во источниот регион Донецк. Заробените руски војници за РСЕ изјавија дека нивните единици претрпеле големи жртви.
Иако секое маслиново дрво постаро од 100 години во Црна Гора е заштитено со закон, планираno e станбено-деловна зграда да го замени древниот маслинарник во Бар. И додека граѓаните се жалат, во околината на градот, на приватни градилишта, багерите ги корнат маслинките без контрола.
Вчитај повеќе