Достапни линкови

Коментарите на Мерц ги ставаат во фокус крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина


Ракета „Таурсус“ (илустрација)
Ракета „Таурсус“ (илустрација)

Изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за дозвола на Украина да испукува ракети што ги добива од Западот кон воени цели длабоко на руска територија ја разгореа дебатата за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Киев. И сето ова се случува кога од германските медиуми дознаваме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 28 мај.

Украина долго време бара германско-шведски систем за оружје, кој може да испорача голем товар со голема прецизност до цели оддалечени околу 500 километри.

Германија е втор најголем снабдувач на воена помош за Украина, по САД.

Сепак, претходникот на Мерц, Олаф Шолц, одби да ги испорача ракетите „Таурус“ поради заканите на Кремљ дека со тоа Берлин ќе стане страна во војната.

„Германското двоумење под водство на Шолц ѝ даде на Русија оперативна предност и ѝ дозволи да ја прилагоди својата одбрана и тактики“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) Џон Форман, поранешен британски воен аташе во Москва и Киев.

„И покрај доцнењето, додавањето на уште една жица на украинскиот лак би било добро. Но, не сум убеден дека тоа ќе го промени текот на војната“, додаде тој.

Какви ракети со долг дострел има Украина?

Од руската инвазија на Украина во 2022 година, западните земји му обезбедија на Киев разновидно оружје способно да погоди цели далеку зад руските линии.

Велика Британија и Франција испорачаа крстосувачки ракети „Сенка на бура“("Storm Shadow/Scalp") кои имаат дострел од околу 250 километри, додека Вашингтон го испрати својот тактички ракетен систем (ATACMS) со дострел од околу 300 километри.

Ова оружје првично беше испорачано под услов да се користи само врз цели на украинска територија окупирана од Русија.

Но, во ноември минатата година, администрацијата на Бајден објави дека Украина може да користи ATACMS во рускиот Курски регион, каде што нејзините сили се борат да држат мал дел од руската територија.

Кратко потоа, имаше извештаи за употреба на крстосувачки ракети „Storm Shadow/Scalp“ во Русија.

Се чини дека сега, Мерц го коментира овој развој на настаните.

„Земјите што воведоа ограничувања на опсегот на лов одамна ги напуштија тие услови. Украина има право да го користи оружјето што го добива, вклучително и да го користи надвор од своите национални граници, против воени цели на руска територија“, рече Мерц.

Овие зборови ја разјаснија изјавата за време на телевизиско интервју претходниот ден, која имплицираше дека станува збор за нова политика, како и поттикна обновени шпекулации дека Германија ја снабдува Украина со ракети „Таурус“.

„Главниот проблем е што нашите партнери ни обезбедуваат средства за напад, и „Скалп“ и „германски Таурус“. Ако го сторат тоа, тоа многу ќе ни помогне“, изјави украинскиот претставник Роман Костенко за украинскиот сервис на РСЕ.

Роман Свитан, украински воен аналитичар, има сличен став.

„Прво треба да ги обезбедиме тие ракети, а потоа да дадеме дозвола за нивна употреба насекаде. Украина повеќе нема такви западни ракети. Немаме што да испалиме“, рече тој за РСЕ.

Таурусот не е пресвртница

Но Форман, британскиот воен аташе, предупреди дека системот „Таурус“ нема да биде пресвртница.

„Русија значително се адаптираше во последните три години, особено со ширење на своите сили, менување на тактиките и подобрување на својата кинетичка и некинетичка одбрана“, изјави Форман и додава:

„Овие чекори ја намалија (но не ја елиминираа) ранливоста на украински ракетни напади во руските задни области... Неколку ракетни напади од системот „Таурус“ нема драматично да влијаат на ова“.

Сепак, ставот на Мерц би можел да го подигне моралот на Украинците и да му донесе политичка победа на Зеленски. Коментарите на Мерц предизвикаа негативна реакција од Москва.

„Овие потенцијални одлуки, доколку бидат донесени, се целосно во спротивност со нашите аспирации за политичко решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова се „прилично опасни одлуки“, додаде тој.

Немаше веднаш официјален одговор од Лондон, Париз или Вашингтон, молк во согласност со стратегијата што Берлин ја нарече „стратешка двосмисленост“.

Општо земено, ова значи дека воената стратегија не е телеграфирана до Москва. И тоа е еден вид отстапување за Мерц.

Променетите ставови на Мерц за системот Таурус

Ставовите на Мерц за системот Таурус се менуваа со текот на времето. Додека беше во опозиција, тој жестоко ја критикуваше она што го сметаше за плашливост на германската влада во врска со поддршката за Украина и повика на отвореност во врска со воените испораки.

Во ноември 2023 година, тој поднесе предлог до парламентот со кој се повикува на „конечно, без одлагање, задоволување на барањето на Украина за крстосувачки ракети „Таурус“. Предлогот беше одбиен.

До октомври минатата година, ставот на Мерц се промени. Во парламентарната дебата, тој рече дека владата треба да ѝ постави на Москва ултиматум: или да престане да напаѓа цивилни цели во Украина, или Германија ќе го испорача Таурусот.

Тој не го спомена системот Таурус во своите коментари од 26 мај, но можеби наговести.

„Ќе направиме сè што можеме за да ја поддржиме Украина. Ова значи дека повеќе нема ограничување на дометот за оружјето што го испорачуваме“, напиша Мерц на социјалните мрежи.

Сепак, можеби и не зборува за ракетите „Таурус“.

Германија, исто така, ѝ обезбеди на Украина ракетни лансери „Марс II“, кои имаат дострел од околу 85 километри.

Постојат очигледни воени причини за „стратешка двосмисленост“, но и политички. Коалициските партнери на Мерц, СПД, се спротивставија на испораката на ракетите „Таурус“, а анкетите покажуваат дека тоа е многу непопуларно кај германската јавност.

Се сугерира дека Мерц затоа е помалку заинтересиран за идејата и сега можеби е повеќе склон наместо тоа, да ѝ помогне на Украина да развие сопствени капацитети за оружје со долг дострел.

Во секој случај, може да се случи светот прво да чуе за испораката на ракетите „Таурус“ во Украина, ако и кога ќе бидат испукани.

XS
SM
MD
LG