Енергетска криза повеќе нема, ама сеуште има висока инфлација. Властите велат дека растот на цените е предизвикан од растот на платите и пензиите. Како вие гледате на оваа економска логика?
Растот на цените може да биде предизвикан од растот на платите само ако е тоа од платите на функционерите, од нивните плати коишто си ги зголемија 70% и ништо после тоа не направија, додека останатите сите гладуваа. Зошто? Затоа што оваа инфлација што ја имаме сега потекнува од две причини. Едното е што фирмите прават што сакаат, односно ги креваат цените до небо, затоа што им се може, а другата е што политичарите им дозволуваат да го прават тоа.
Ако ги гледаме факторите коишто ја движат инфлацијата, глобалните цени на храната моментално се на ниво од пред пет години. Нашите цени на храната се 50% поскапи од што беа пред пет години. Значи не може да се глобалните цени, не може тие да се факторот за инфлацијата. А платите, кај нас сè уште се и покрај целиот раст што го имаат, сè уште се само една третина од платите во Европската Унија. Цените кај нас се две третини, односно 70% повеќе од цените во Европската Унија.
Значи не може ни платите да се двигателот. Единственото што останува се профитите на фирмите. Профитите на фирмите во Македонија, ако погледнете колкав дел се тие од националниот доход, тие се околу 60%. Во Европската Унија профитите на фирмите се 40%.
Значи причината зошто кај нас цените растат последниве неколку години, единствената е само тоа што, профитите на фирмите пораснаа енормно, односно фирмите може да прават што сакаат, правеа што сакаат со цените, ги креваат до небо, а тоа го правеа затоа што Владата тоа им го дозволуваше.
Зошто Владата тоа им го дозволуваше? Јас на почетокот мислев дека Владата не и е гајле за цените. Си викаат „океј нека растат цените не ни е гајле“. После мислев дека не знаат што, како, треба да се справи со инфлацијата.
Сега искрено мислам дека Владата намерно ја пушта инфлацијата затоа што таа им врши корисна функција, им го полни буџетот.
Знаете криза, па треба да се исплаќаат, да се покачуваат пензии, избори, ова-она. Инфлацијата е добра затоа што таа важи и за данокот, скриен данок, растат цените на производите, расте ДДВ-то, приходите од ДДВ во буџетот и Владата има пари за трошење.
Второ, јавниот долг, сите оние милијарди што ги зема, онаа милијарда што ја зема од Унгарците, оние 5 милијарди што ги најавија од Британците коишто не се земени се уште, но сепак стојат таму на хартија. Како ќе се враќаат тие пари?
Па, со инфлација, ќе имате повисока инфлација, таа ќе го намали јавниот долг. Наместо да имате долг, не знам од 70% од БДП, затоа што фиктивно ќе ви порасне БДП поради инфлацијата.
Вие ќе имате повторно долг од 60%, со тоа ќе имате дека долгот стагнира и покрај тоа што се задолжи милијарда.
Така што апсолутно сега мислам дека Владата намерно ја пушта оваа инфлација затоа што им врши корисна функција, а од друга страна имаат на некој начин добар изговор, а затоа што викаа,т не сме ние криви, виновни се трговците, тие ги креваат цените, идете вршете бојкоти.
Протестирајте против нив, па граѓаните револтот го насочуваат против фирмите. На фирмите пак, тоа не им смета затоа што нивните профити растат. Така што мислам дека ова е само еден лош театар за којшто цената на крај за жал ќе ја плаќаат ќе ја платат граѓаните. Но, ако можам да се навратам на вашето прашање, единствената плата којашто може да е виновник за оваа инфлација е платата на функционерите.
Пред девет месеци отпочна една истрага за картелско здружување на четири маркети но без правен епилог досега. Како треба да се контролираат високите профити на компаниите во пазарна економија?
Македонија, па и целиот регион последниве неколку години правеше секакви експерименти за контрола на цени. Имавме замрзнување на цени, имавме ограничување на маржи, имавме секакви други мерки, разни мерки.
Она што се покажа без никаква дилема е дека најефикасна мерка за ограничување на цените, на растот на цените е замрзнување на цените. Кога вие ќе кажете лебот не смее да иде повеќе од 30 денари, а од друга страна викате дека мора исто така фирмите да доставуваат леб како што се направи тоа пред една година, или некој кој било друг производ кога ќе кажете цената мора да биде толку и толку фирмите тоа мора да го почитуваат.
Проблемот со онаа друга мерка со маржите е дека таа тешко се контролира. Ќе кажете маржата не смее да биде повеќе од 10% ама вие не знаете колкава е маржата на еден производ.
Дури инспектор кога ќе отиде во контрола, во инспекција на некоја фирма, тој не знае колкава е маржата на некој производ. Тој треба да зема фактури, па да види која е влезна фактура, па кои се сите трошоци и тогаш да пресметаат маржа.
Тоа е многу комплицирано и затоа мерката со маржи е неефикасна, не дава ефект, ама мерката со замрзнување на цени апсолутно е ефикасна и тоа значи најдобар пример е она што се случи оваа година.
Владата ги замрзна цените во февруари оваа година не знам со сигурност колку производи беа, а и ограничи маржи, ама и замрзна цени на некои производи, и имавме околу два ипол месеца од средина на февруари до мај замрзнати цени. Тогаш инфлацијата се стабилизираше.
Тогаш инфлацијата падна на околу 3%, можеби под 3% да падна. После тоа ја укинаа мерката под изговор дека не била ефикасна, немал ефект и цените скокнаа.
Значи ако ја следиме ние динамиката на оваа моментална инфлација во Македонија или цените, не мора да збориме за инфлации, за цените на граѓаните ако земете било кој производ, почнаа тие да растат од јуни оваа година откако владата ја укинува мерката за замрзнување на цени.
Така што апсолутно искуството и на Македонија и на регионот па и во поширок европски контекст покажува дека најефикасна мерка за ограничување на раст на цени, односно за спречување на инфлација, краткорочна мерка е замрзнување на цените.
Јас мислам дека Владата тоа го знае. Мислам дека владата намерно реши да ги одмрзне цените во мај, затоа што виде дека таа мерка ефикасна и виде дека тоа не им одговара на фирмите, виде дека и на нив самите не им одговара затоа што приходите малку им се намалија.
Апсолутно мислам дека владата знае што се случува и знае која е најефикасна мерка, но не сака, просто кажано не сака да да ги ограничи цените затоа што им одговараат цените.
Рековте тоа е на краткорочен план, но која мерка е ефикасна на долгорочен план, што според вас треба да ја спроведе Владата?
Значи на долгорочен план мора пред се да се зголеми понудата на домашни производители. Смешно е, ние како земјоделска земја да увезуваме повеќе храна отколку што извезуваме. А ние овој проблем го имаме 20 години.
Значи ја уште кога работев кога почнав да работам во Народна банка 2007 година имаше и тогаш една епизода на инфлација. Тогаш гувернер беше Гошев. Организиравме конференција во Народна банка за што да се прави со цената на храната затоа што тогаш скокна. Не беше како оваа последната, инфлацијата беше до 9% . И уште тогаш се зборуваше, правевме анализи дека Македонија и на некој начин го критикувавме ова.
Ние викаме дека сме земјоделска земја, не знам најдобри патлиџани имаме, не знам што најдобро на свет имаме. Ние уште тогаш повеќе увезувавме храна отколку што извезувавме. И состојбата не е промената 20 години, а даваме не знам колку милијарди субвенции издадовме во сите овие дваесетина години и што се случи- нема никаков ефект.
Е, тоа е проблемот со нас што ние сите овие 20 години не изградивме економски модел, не изградивме економија којашто ќе биде заснована на производство. Сите зборат привлекување странски инвестиции, не знам даноци, олеснување бизнис клима на фирмите. Никој не зборува за тоа дека ние треба да имаме наше домашно производство и дека државата треба конечно да се реориентира кон тоа. Наместо да привлекува странски инвестиции да поддржува домашни фирми коишто ќе произведуваат и земјоделски производи и храна, но и се останато.
Македонските просечни плати во однос на тие од регионот се на најнисково ниво заедно со албанските и косовските. На што се должи тоа?
Нашиве политичари и десничари, левичари, левичари во наводници, СДСМ и ВМРО сите постојано викаат не може, не смеат платите многу да растат. Ќе ја нарушиме конкурентноста, ќе им наштетиме на фирмите, ќе имат отпуштања. Тоа се класични неолиберални аргументи коишто на некој начин им одговараат само на бизнисмените, само на богатите.
Ниски плати за работниците, високи профити за фирмите. Така што тоа е главната причина што ние со децении 30 години како откако постои оваа држава ние никогаш не сме имале власт која ќе каже платите треба да растат.
На моменти претходната влада на СДСМ го кажуваше тоа пред избори, најчесто пред избори ама ќе поминат изборите, и после пак не смее да растат платите и не се само тие. Еве.имаме ние и меѓународни организации, како Светска банка и некои други организации кои постојано викаат платите многу растеле во Македонија, продуктивноста не расте. Внимавајте ќе направите штета.
Добро, кажете како да се живее со тие плати, како да се живее со таа плата што е сега околу 600, 700 евра просечета плата во Македонија, кога трошоците и ви се големи.
Кога ќе отидам во супермаркет тука во Скопје, кога ќе дојдам, кога ќе купам иста група на производи, давам практично исто пари како што давам во Виена.
А платата во Виена, просечната плата во Виена е три-четири пати повисока отколку во Македонија. Е, па како да живеат луѓето во Македонија со исти цени како што ги имаат во Австрија и во Германија, во Европската Унија, а платите им се три пати пониски и е тоа е она што треба.
Никој не размислувал за обичниот човек и никој не викал платата треба да расте, него сите викале полека со платите ќе им наштетите на фирмите.
Неодамнешното истражување на коешто работевте покажа дека македонските пензии се далеку од европскиот стандард. А дали може пензискиот фонд да издржи нов раст на пензиите?
Може да издржи, но ако се зголемат приходите на фондот, односно придонесите. Прашањето е дали политичарите сакаат да најдат пари за тој фонд. Може, еден начин да ги најдат парите е преку зголемување на придонесите, друг начин е преку некои други даноци.
На пример прогресивен данок. Зошто да не се воведе прогресивен данок да се земат пари од побогатите или големите фирми и дел од тие пари да се користи да се користат за пензии.
На пример Данска има модел во којшто нема пензиски придонеси, нема придонес за пензиско осигурување. Пензиите се исплаќаат од општите даноци, ама Данска има многу прогресивен даночен систем. Највисоката даночна стапка е 55% ако не се лажам. Така што, ако може Данска да има некој таков систем во којшто има прогресивен данок, зима повеќе пари од богатите и после тие пари делумно ги пренасочува за пензионерите, може и тоа да се направи.
Друг проблем, значи има ова се можеби малку поситни проблеми, ама сепак мислам треба да се спомнат. Ние неколку децении веќе имаме политика на ослободување на разни фирми од придонеси.
Странските инвеститори што работат по зони, им викаме не плаќајте придонеси, вработувајте само луѓе. Е па тоа ја прави дупката во фондот. Тоа е едно од тие причини.
Трет проблем, ова јавноста скоро и да не го знае ова. Луѓето што имаат највисоки плати во државава плаќаат многу пониски стапки на придонеси од луѓето што имаат нормални плати. Значи нормалната стапка на придонес е 19 проценти да кажеме за пензиско осигурување. Оние директорите што имаат плати по 200 или 300,000 евра плаќаат стапка на придонес којшто е што им е 2-3 проценти затоа што има максимум, има горна основица на придонеси.
Значи максималниот износ на придонес за пензиско осигурување што може да се плати мислам дека е околу 4,000 евра. Ако имате вие плата на пример од 200,000 евра, тоа ви доаѓа многу помалку.
Значи поентата е дека тоа може да се намали. Кога бев дел од Министерството за финансии имавме имавме идеја да ја укинеме таа максимална основица за придонесите за да ги даночиме оние богати за да се наполни пензискиот фонд, ама не помина политички затоа што, немојте и директорите, па ќе се побунат и она што успеавме да го направиме да ја покачиме таа максимална основица.
Мислам дека беше осум просечни плати и ние ја покачивме на 16, ама тоа се некои мали работи коишто можете да ги смените преку ноќ и ќе донесете, барем во тоа време кога ја правевме анализата, ќе донесете пари во буџетот. Во тоа време кога ја правевме анализата само со тргање на таа максимална основица се обезбедуваат 10 милиони евра дополнителни во буџетот. Тоа не е многу, ама сепак ќе ја намали таа дупка.
Сакам да кажам прашањето за пензиите може да се реши. Прашањето е дали има политичка волја за да се зголемат приходите или не. За жал кај нас политичката волја ми се чини дека натежува на онаа страна да ги натераме работниците да работат уште малку, уште неколку години ако може до 70 години додека не умрат, најдобро ќе бидат така и нема да треба ни да исплаќаме пензии, и ќе ни се зголемат придонесите. За жал, пак повторно се прекршува на грбот на работникот и на сиромашниот.
Колку ќе зависи економскиот раст од брзината на реализацијата на капиталните а проекти како коридорите осум и 10?
Апсолутно многу ќе зависи, нема тука никаква дилема, затоа што еден од моторите на раст во целиот регион се капиталните инвестиции. Но, за жал и тука не гледаме ние некое подобрување оваа влада.
Ги гледав податоците од буџетот пред некое време во првите седум месеци има реализирано само од она што што им е зацртано за тој период имаат само една половина реализирано од капиталните инвестиции значи имаше вкупно 30 и нешто проценти реализација околу 30% реализација на капиталните инвестиции за првите седум месеци тоа му доаѓа околу 50% за тој период и ако споредите колку е тоа во спореба со претходните влади дури и нешто полошо.
Така што политичарите во Македонија кога се во опозиција ја критикуваат власта, не знаат да ги реализираат проектите, само ветуваат брди, долини на крај ништо не реализираат.
За жал, кога ќе дојдат на власт тие стануваат исти како оние коишто ги напаѓале и ниедна влада ние немаме во последниве не знам колку години во државата која знае да реализира проекти.
Јас тоа не можам да го разберам. Како не ги реализираат проектите? Значи не е проблем дека нема пари. Има пари, обезбедени се, во буџетот се ставени тие. Нели се фалат на почетокот на годината секогаш 800 милиони евра капитални инвестиции, и никогаш не ги реализираат.
Не можам уште да разберам, сè уште како не се појави некоја влада што ќе знае да реализира проекти. За жал и оваа Влада сега и покрај тоа што викаат направивме ова, направивме она, не се реализираат, бројките се тие. Отворете го буџетот, ќе видите, имат на сајтот на Министерство за финансии, во делот којшто се вика капитални инвестиции, се гледа колку се реализирани.
Катастрофални се и тоа е една од причините зошто и немаме повисок економски раст зошто растот со сега се фалат 3 проценти раст и тие се фалат.
Иако слушнав дека се фалат со тоа дека сме имале раст на БДП од 3,4 отсто па најдобро и во Европа. Не знам, просто не можев да поверувам, затоа што има едно правило за тоа што значи економскиот раст, а бројката на растот на БДП е како оценка во школо.
Ако имате раст на БДП од 3 проценти тоа е како да имате тројка во школо. Ние сега имаме некој тројка, добил тројка на тест по македонски, доаѓа мамо добив тројка и се радува.
Значи има таква ситуација кога ќе имаме раст од 5 проценти неколку години по ред, тогаш ќе може Владата да се фати. А зошто немаме раст од 5 проценти?
Ние имаме само раст од три проценти постојано, со години. Една од причините е што тие капитални инвестииции со кои сите се фалат на почетокот на годината, никој после тоа не ги реализира.
Како треба, односно со кои инструменти Владата па и Народната банка можат да поттикнат економски раст?
Значи Владата може да поттикне преку капитални инвестиции, може да потигне преку индустриска политика, иновациска исто политика као поддршка на фирмите, селектираме кои индустрии ќе развиваме, не знам земјоделство, храна, IT, што и да е, облека, текстил, автомобилска индустрија и ги поддржува тие сектори со посебни мерки. Темата за индустриска политика е долга и широка.
Кога ќе изградите вие болница, тоа вработува луѓе, дава плати, ангажира фирми, тоа креира економски рат, меѓутоа тоа дава резултати на долг рок, затоа што луѓето се поздрави, ако имате подобро образование луѓето се пообразовани, повеќе работат.
Така што тоа е она што владата може да го направи. Значи вложување во инфраструктура, индустриска политика и велфер сејт, односно вложување во јавни добра.
Така што Народната банка нема голема моќ тука. Но она што може да го направи Народната банка е да не ги крева премногу каматните стапки, затоа што ако ги крене премногу каматните стапки тоа ќе го отежни а ќе ги зголеми долговите на на луѓето и на фирмите што ќе влијае негативно на економскиот раст. Но во секој случај оној што има огромна моќ и може и мора да ја користи таа моќ е владата.
Како ги оценувате проектите за општините и компаниите од унгарскиот кредит? Според досега објавеното најмногу пари од општините се трошат за асфалт и канализација.
Тоа е проблемот со оваа Влада. Премногу сака да се фали, а ништо не реализира. Ја знаете онаа народната „се тресеше гората, се роди и глушец“. Е тоа се случува кај нас. Милијарда ја земавме од Унгарија, година дена помина, ништо не видовме од таа милијарда. Пет милијарди најавуваа од Британците, пругата ништо нема да видиме најверојатно ни од тоа. И можеби на краток рок луѓето ќе заборават на тоа што кажувале, ќе викаат да почекаме што ќе се случи, ама ќе дојде времето кога луѓето ќе сфатат дека од сите тие милијарди што ги најавуваат ништо не се случува.
Е тогаш мислам дека и владата ќе сфати дека можеби, можело нешто подобро да направи, ама за жал ќе биде прекасно. Не дека ми е многу жал за нив. Секоја влада, на секоја влада ќе дојде крај. Жал ми е за граѓаните коишто постојано се злоупотребувани од било која влада, постојано се лажени дека нешто ќе се направи и ништо не се случува и поради тоа стоиме на истото ниво со години.