Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

20:39 2.11.2025

Тошковски: Вториот круг помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места на вториот круг од локалните избори.
„Изборниот процес се одвививаше без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани што би го довеле во прашање интегритетот на изборите. Ова е уште една потврда дека граѓаните, институциите и МВР покажаа зрелост и одговорност што покажаа Македонија да има едни од најмирните избори во последните години“, рече Тошковски.

20:02 2.11.2025

ДИК: Одзивот е 45,71 отсто на ниво на цела држава

Точно во 19 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на локалните избори 2025 година - информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко на прес конференција.
Тој рече дека до Комисијата пристигнале податоци за излезност од 1340 избирачки места. Обработени се 97,60 отсто од податоците, кои покажуваат дека одзивот на гласачите бил 45,71 процент на ниво на цела држава.
„Вкупниот број гласачи кои гласале во овие избирачки места е 325.691“, рече Кондарко.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко
19:43 2.11.2025

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања

По затворањето на избирачките места во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, Јавното обвинителство излезе со оценка дека изборниот дел поминал „без поголеми нарушувања на изборниот процес“.

„До јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок“, соопштија од Јавното обвинителство.

19:34 2.11.2025

НАИ посочи на нерегуларности, ВРЕДИ очекува победа

Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочи за нерегуларности за време на изборите, додека од коалицијата ВРЕДИ оценија дека гласањето се одвивало без „некои неправилности и во духот на граѓанската одговорост“, на првите прес-конференции по затворањето на гласачките места на вториот круг од локалните избори.
Во ВРЕДИ очекуваат од Државната изборна комисија(ДИК) фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе како и во првиот круг, „со целосна транспарентност, точност и професионализам во согласност со законот и со волјата на граѓаните“.

Портпаролите на НАИ и ВРЕДИ, Арбр Адеми и Дритон Сулејмани
Портпаролите на НАИ и ВРЕДИ, Арбр Адеми и Дритон Сулејмани

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG