Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

19:19 2.11.2025

Заврши гласањето, се очекуваат првичните резултати

Со затворање на избирачките места во 19 часот заврши гласањето во вториот круг од локалните избори за градоначалници, по што се очекува партиите да излезат со првични реакции, како и да почне објавувањето на првичните резултати.
Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 33 општини, вклучително и во Градот Скопје.
Останатите 32 општини кои треба да добијат градоначалници се: Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

16:58 2.11.2025

До 15 часот одзивот е 30,26 проценти, соопшти ДИК

До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска информираше дека на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци. За Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто. За повеќе детали кликнете тука.

16:18 2.11.2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осум набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

Државната изборна комисија денеска (2 ноември) во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас. Во двата случаи утврдено е дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право. При тоа, ДИК донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.
За повеќе информации кликнете тука.

14:37 2.11.2025

Мирен изборен ден, се гласа за градоначалници во 33 општини

Мирно и без проблеми поминува изборниот ден во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, каде што денеска, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат.

Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите.

Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Повеќе прочитајте ТУКА

Втор круг локални избори за градоначалници, 2 ноември 2025 година
Втор круг локални избори за градоначалници, 2 ноември 2025 година

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG