Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

16:18 2.11.2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осум набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

Државната изборна комисија денеска (2 ноември) во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас. Во двата случаи утврдено е дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право. При тоа, ДИК донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.
За повеќе информации кликнете тука.

14:37 2.11.2025

Мирен изборен ден, се гласа за градоначалници во 33 општини

Мирно и без проблеми поминува изборниот ден во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, каде што денеска, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат.

Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите.

Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Повеќе прочитајте ТУКА

Втор круг локални избори за градоначалници, 2 ноември 2025 година
Втор круг локални избори за градоначалници, 2 ноември 2025 година
14:15 2.11.2025

ДИК: Излезноста до 13 часот е 18,05 отсто

Излезноста во вториот круг од локалните избори до 13 часот изнесува 18,05 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на попладневната прес-конференција.

Прес-конференција на ДИК
Прес-конференција на ДИК

Најголема излезност има во Пробиштип-36,6 отсто и Крушево 34,86 отсто, а најмал одзив е регистриран во општините Сарај-3, 58 и Чаир-5, 35 проценти.

Од скопските општини најголема е излезноста во Карпош-22, 14 процент, по што следуваат Центар 21, 74 отсто, Кисела Вода-19, 57, Аеродром-19, 21 % и др.



14:10 2.11.2025

МВР: Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територија на целата држава, информираат од МВР.

„До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите“, изјави портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Тој додава дека МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на целиот изборниот процес.

Гоце Андреевски, портпарол на МВР
Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG