МВР: Приведено лице во Шуто Оризари и 10 пријави за прекршување на изборниот молк
Од Министерството за внатрешни работи денеска известија за нарушување на изборниот молк во неколку подрачја.
„За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.
Целата информација ТУКА
Бесплатна телефонска линија за пријавување изборни повреди
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, 2 ноемрви, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Повеќе детали прочитајте ТУКА
Акредитирани 1622 домашни и странски набљудувачи
Вториот круг од локалните избори, во кои треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1 622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Од меѓународните организации, најмногу набљудувачи има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права – 500.
За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.