Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

10:29 2.11.2025

Акредитирани 1622 домашни и странски набљудувачи

Вториот круг од локалните избори, во кои треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1 622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од меѓународните организации, најмногу набљудувачи има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права – 500.

За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.

10:03 2.11.2025

Излези и гласај, твојот глас одлучува!

Твојот глас одлучува, излези и гласај!
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00
09:55 2.11.2025

ДИК - Одзивот до 9 часот е 2.88%

Сите изборачки места се навреме отворени, а гласањето тече во најдобар ред и без проблеми, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција на вториот круг од локалните избори за градоначалници.
Поради технички проблеми со уредот за биометриска идентификација имало мал застој во гласањето на избирачкото место 0385 во Дојран, но проблемот е решен и сега гласањето тече без проблем, уверуваат од ДИК.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко информираше дека до 9 часот гласале 22379 избирачи или 2,88 отсто.
Ова е мало намалување во споредба со првиот круг кога излезноста на ниво на државата до 9 часот изнесуваше 3, 05 проценти.
Кондарко најави дека претставници на ДИК ќе посетат некои избирачки места во текот на избрниот ден, како и по затворањето на гласачките кутии.

09:34 2.11.2025

ФОТОГАЛЕРИЈА: Втор круг локални избори

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG