Со оглед на тоа што Соединетите Држави укажуваат дека можеби нема да бидат подготвени да ги финансираат одбранбените потреби на Украина уште долго, Европската Унија разгледува различни начини за покривање на поголем дел од сметката во 2026 и 2027 година, претпоставувајќи - како што мислат повеќето луѓе во Брисел - дека војната ќе продолжи.
Најочигледната индикација за ова дојде за време на годишното политичко обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент претходно во септември, во кое таа ја изнесе идејата за „заем за репарација“.
Повеќе информации за тоа како би функционирал овој заем се појавија во една страна документ за дискусија што комисијата им го достави на земјите-членки на ЕУ. Радио Слободна Европа имаше увид во овој документ на 26 септември.
Фон дер Лајен треба да го презентира документот пред лидерите на ЕУ на состанокот на неформалниот самит во Копенхаген на 1 октомври на кои ќе разговараат за Украина, и на кој веројатно ќе присуствува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува и министрите за финансии на блокот да разгледаат повеќе детали кога ќе се состанат во Луксембург следната недела.
Иако сè уште не се разработени сите механизми за заем, неколку од контурите се јасни.
Секој заем за Украина би се базирал назамрзнати руски средства во ЕУ кои се блокирани откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од три години. Заемот би се обезбедил без всушност да се допре до самите пари, а Украина би морала да ги врати парите дури откако Русија ќе плати за воената штета.
Заемот за репарации, доколку биде одобрен, би можел да реши голем број проблеми.Најважно од сè, тој би ѝ дал на Украина инјекција со пари што ѝ е се потребни, а воедно би ги елиминирал сите потенцијални вета од страна на непослушните земји-членки на ЕУ, како што се Унгарија и Словачка.
Исто така, тоа би го решило прашањето што да се прави со руските средства во блокот и би го намалило притисокот врз буџетот на ЕУ.
Можни пречки
Но, тоа е далеку од завршена работа и сè уште има неколку пречки што треба да се решат.
Да почнеме со замрзнатите руски средства.
Се верува дека има околу 176 милијарди евра (207 милијарди долари) од овие средства во блокот, главно во „Euroclear“, компанија за финансиски пазари со седиште во Белгија, специјализирана за централни депозитари за хартии од вредност.
Видете и ова: „Игра на чекање“ на членките на ЕУ за новите санкции против РусијаНекои земји, особено балтичките држави, долго време сакаа да ги конфискуваат овие пари и или да ги дадат на Украина или да ги искористат за да ја изградат недоволно финансираната одбрана на Европа.
Аргументот е едноставен: Зошто европските даночни обврзници треба да ја платат сметката за војната на Кремљ?
Но, многу западноевропски земји се против директна конфискација.
Белгија се грижи дека Москва ќе поднесе солидна правна тужба против земјата и „Euroclear“ за овие средства.
Европската централна банка (ЕЦБ) е загрижена за тоа како конфискацијата би влијаела врз статусот на еврото, моментално втора резервна валута во светот, бидејќи таков потег би можел да ги поттикне третите земји да штедат на друго место.
Поголемите европски земји, исто така, веруваат дека парите треба да останат неподвижни и наместо тоа да се користат за обнова на Украина во веројатното сценарио Москва да одбие да плати репарации кога ќе заврши војната.
Исто така, фактот е дека замрзнатите средства веќе се користат за генерирање средства за Украина. Ова се кварталните неочекувани профити добиени од готовината - честопати околу 1,5 милијарди евра (1,75 милијарди долари) кои веднаш се префрлаат во земјата разорена од војната.
Коалиција на подготвените?
Европската комисија сега го предлага следново: Дел или сите замрзнати средства во „Euroclear“ треба да се префрлат на таканаречено „Возило за специјална намена“ (Special Purpose Vehicle) во замена за обврзници без купон (дисконтни обврзници)издадени од Европската Kомисија.
Тие би биле поддржани со гаранции од „Коалиција на подготвените“ составена од земји-членки на ЕУ и евентуално други земји од Групата седум водечки индустријализирани демократии.
Парите во „Возилото за специјална намена“ потоа би биле префрлени во Киев како заеми во текот на 2026 и 2027 година (а можеби дури и понатаму), а Украина би требало да ги врати парите, само откако Русија ќе ги плати воените репарации.
Колку пари би биле достапни зависи од проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но би можело да биде 140 милијарди евра (164 милијарди долари) за тие две години. Веројатно е дека поголемиот дел од ова ќе треба да го обезбеди Европа, ако Соединетите Држави одбијат да издвојат какви било средства за планот.
Добрата работа во врска со овој потег би била што ги заобиколува потенцијалните национални вета.
Овие пари беа земени од заедничкиот „простор“ на буџетот на ЕУ - во суштина резервниот капацитет во буџетот над она што веќе е обврзано - но сите 27 земји-членки мораа да дадат зелено светло.
Околу 32 милијарди евра (37 милијарди долари) од 50-те милијарди веќе се обезбедени за Киев, така што не останува толку многу простор, а Будимпешта веројатно би се спротивставила на користењето повеќе пари за оваа намена.
И додека Европската комисија предлага фонд од 100 милијарди евра (118 милијарди долари) за Украина во повеќегодишниот буџет на ЕУ за 2028-2034 година, сите земји-членки мора да го потпишат и ова, додека е сè појасно дека на Киев му треба поитно финансирање.
Но, ова е далеку од завршена работа, а Унгарија сè уште може да постави пречки до одреден степен.
Замрзнатите руски средства ќе останат неподвижни, само додека ЕУ одлучи дека треба да останат такви. А Брисел го прави тоа двапати годишно, во јули и јануари, едногласно. Ниту една земја, вклучително и Унгарија, не крена голема врева во врска со последното продолжување пред два месеци, но тоа не ја исклучува можноста за какви било проблеми да се појават во иднина.
Ова беше дилема на почетокот на 2024 година, кога ЕУ се согласи за својот „Украински инструмент“ од 50 милијарди евра (59 милијарди долари) за периодот од 2024-2027 година, а Унгарија првично го блокираше потегот.
Национални гаранции?
Европската Kомисија во документот за дискусија сугерира дека одлуката за продолжување на санкциите во иднина треба да се донесе со квалификувано мнозинство, но забележува дека ова „би барало политички договор на високо ниво од сите или повеќето шефови на држави или влади“.
Видете и ова: Може ли ЕУ да ги продолжи санкциите кон Русија и покрај уцените од Унгарија?Многу е сомнително дека лидери како Виктор Орбан од Унгарија и Роберт Фицо од Словачка едноставно би го одобриле ова.
Може да има проблем и со националните гаранции.
Колку земји навистина би биле подготвени да влезат во „Коалицијата на подготвените“ за ова?
Колку повеќе земји го сторат тоа, толку помалку пари секоја земја би требало да гарантира. Но, во многу земји-членки, националниот парламент би требало да го одобри тоа, а со оглед на тоа што неколку земји се борат со растечки дефицити, многу политичари може да бидат претпазливи да се обврзат на каков било вид гаранции.
„Euroclear“, исто така, веројатно ќе инсистира на целосни и солидни гаранции, па дури и на глас во управувањето со новата структура на заемот.
И не може да се исклучи дека „Euroclear“ може да инсистира и други финансиски институции што поседуваат замрзнати руски средства да бидат принудени да учествуваат во оваа шема.