Иранскиот ракетен напад на воената база Ал Удеид во Катар беше многу симболичен чин, внимателно калибриран за да испрати порака на решителност, избегнувајќи поширок и поразорен конфликт.
Иран експлицитно изјави дека бројот на проектили лансирани денеска (23 јуни) соодветствува со бројот на бомби фрлени од Соединетите Американски Држави на иранските нуклеарни локации, сигнализирајќи ја својата намера да даде пропорционален одговор наместо да ја ескалира ситуацијата неконтролирано.
Видете и ова: Иран соопшти дека ја нападнал базата во Катар во која се стационирани силите на САДОваа симетрија во акцијата ја нагласува намерата на Иран да не ги остави нападите на својата територија без одговор, но ,исто така, и да не бара војна без ограничувања во однос на користењето оружје.
Трамп: Време е за мир!
Претседателот, Доналд Трамп реагираше на иранскиот напад врз американската воена база во Катар и јасно стави до знаење дека тоа бил координиран напад за кој Соединетите Американски Држави имале доволно информации однапред.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој вечерва (23 јуни) наведе дека Иран „слабо“ одговорил на нападите на САД на иранската нуклеарна постројка и дека Техеран сега може да тргне кон „мир и хармонија во регионот“.
„Беа испукани 14 ракети - 13 беа соборени, а една ‘ослободена’, бидејќи се движела во насока која не претставува закана," истакна Трамп.
„Сакам да му се заблагодарам на Иран за тоа што ни даде рана најава, што овозможи да немаме загубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, а јас ќе го охрабрам Израел да постапи исто така. Ви благодарам за вашето внимание на оваа тема!", напиша американскиот претседател.
Тој исто така се заблагодари на Катар и наведе дека нема Катарци кои загинале или биле повредени:
„Би сакал да му се заблагодарам на високо почитуваниот емир на Катар за сѐ што направи во потрагата по мир во регионот. Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жителли на Катар“.
„Честитки за светот, време е за мир“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Зошто Иран целеше кон воздухопловната база Ал Удеид?
Воената база Ал Удеид служи како најголема американска воена инсталација на Блискиот Исток која ги надгледува американските воени операции во регионот. Сателитските снимки од 20 јуни индицираа дека САД отстраниле околу 40 воени воздухоплови на различни типови од базата.
Нападот беше насочен кон Ал Удеид, но Иран нагласи дека одбрале база надвор од населените области и, според катарските службеници, тој не резултирал со повредени.
Таквата воздржаност укажува дека целта на Иран не била да предизвика масовни жртви, туку да направи политичка и воена изјава.
Видете и ова: САД го бомбардира Иран: Што треба да знаете за можните промени во светотСо обезбедување на претходно предупредување и внимателно избирање на целите, Иран мим овозможи на на Соединетите Држави и нивните сојузници да превземат мерки за претпазливост, со што дополнително се намали ризикот од непланирано ескалирање.
Иран сигнализира дека е отворен за де-ескалација
Овој пристап го рефлектира одговорот кон САД за убиството на командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани за кого се сметаше дека е вториот најмоќен човек во Иран.
Иран се одмазди со испраќање ракети кон ирачка воена база каде што се наоѓаат американски трупи во јануари 2020, на што исто така му претходеше предупредување и не резултираше со жртви.
Во двата случаи, Иран се стремеше да ги задоволи домашните побарувања за одмазда, истовремено сигнализирајќи ѝ на меѓународната заедница, особено на регионалните актери и глобалните сили, дека е отворен за деескалација.
Оваа тактика им овозможи на сите страни потенцијална патека за избегнување на понатамошен конфликт, овозможувајќи им на лидерите да тврдат дека делувале одлучно, без да преминат прагови што би ги направиле дипломатските решенија невозможно.