Достапни линкови

Техеран по нападот на САД: Утре одиме кај Путин


шефот на иранската дипломатија Абас Аргачи
шефот на иранската дипломатија Абас Аргачи

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека дипломатијата не е опција по американскиот напад врз нуклеарните постројки во Иран.

Американскиот претседател претходно објави дека САД извеле многу успешен напад врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан и му порача на Иран дека сега мора да направи прекин на огнот.

Во разговор со новинарите во Истанбул, чефот на иранската дипломатија Арагчи рече дека иако „вратата на дипломатијата“ треба секогаш да биде отворена, „тоа не е случај во моментов“, пренесе АП.

Тој рече дека Вашингтон е „целосно одговорен“ за активностите што Исламската Република ќе ги преземе како одговор на американските напади врз нејзините нуклеарни постројки.

„Администрацијата која поттикнува војна... во Вашингтон е единствено и целосно одговорна за опасните последици и далекусежните импликации од нејзиниот акт на агресија“, рече Арагчи на брифингот со новинарите.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека во понеделник во Москва ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Попладнево одам во Москва“, рече Арагчи во Истанбул и додаде дека во понеделник наутро ќе одржи „сериозни консултации со рускиот претседател“.

Кремљ: Путин не планира да разговара со Трамп по американскиот напад врз Иран

Кремљ во неделата објави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави Ројтерс.

Кремљ додаде, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС, дека телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин може брзо да се организира.

„Американското воено вмешување би било многу, многу опасно за сите“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно на 21 јуни изјави дека Иран нема да ја запре својата нуклеарна програма „под никакви околности“, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека американското воено вмешување „би било многу, многу опасно за сите“.

Аракчи, говорејќи на маргините на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Турција, рече дека Иран е отворен за понатамошен дијалог, но нагласи дека Иран нема интерес да преговара со САД додека Израел продолжува со своите напади.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран - Фордоу, Натанц и Исфахан - и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан“, напиша Трамп во објавата на 21 јуни на социјалните мрежи.

„Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Голем број БОМБИ беа фрлени врз главниот објект, Фордоу. Сите авиони се безбедни, на пат кон дома“.

Во кратката изјава од Белата куќа по објавувањето на нападите, Трамп му порача на Иран дека сега мора да направи прекин на огнот. Ако тоа не се случи, тој се закани со „многубројни“ напади врз Иран.

Трамп му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека „работиле како тим, можеби подобро од кој било тим досега“, и дека направиле голем чекор кон „бришење на оваа ужасна закана за Израел“.

XS
SM
MD
LG