Достапни линкови

Трамп најавува клучна одлука за војната во Украина во рок од две недели


Американскиот претседател, Доналд Трамп го поздрави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Белата куќа на 18. август 2025.
Американскиот претседател, Доналд Трамп го поздрави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Белата куќа на 18. август 2025.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе донесе одлука за својот став за руската сеопфатна војна против Украина во рок од две недели и повторно предупреди дека тоа може да вклучува санкции против Русија.

Говорејќи со новинарите во Овалната соба на 22 август, рече дека прво сака да види дали рускиот претседател, Владимир Путин и украинскиот претседател, Володимир Зеленски ќе се сретнат.

„Мислам дека ќе знам. Мислам дека ќе знам каков е ставот на Русија, а искрено и на Украина. Потребни се двајца", рече Трамп кога го прашаа што ќе направи на крајот на двонеделниот период за проценка на состојбата на мирните преговори.

„Потоа ќе донесам одлука за тоа што ќе направиме и тоа ќе биде многу важна одлука," рече тој.

„Без разлика дали се работи за масовни санкции, масовни царини, или и двете. Или нема да направам ништо и ќе кажам: 'Ова е ваша војна.'"

Трамп претходно сугерираше дека Белата куќа работи на тоа да организира средба помеѓу Путин и Зеленски за да разговараат за завршување на војната, а трилатералниот состанок со двајцата лидери и Трамп веројатно би следел по тоа.

Трамп говореше на настан во Белата куќа на кој беше најавено дека ждрепката за Светското првенство 2026. година ќе се одржи во Вашингтон во декември. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му се придружи на Трамп за да го најави настанот, додека Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико веќе интензивно работат на организацијата на Светското првенство.

Трамп исто така сугерираше дека Путин би можел да присуствува на Светското првенство. Покажувајќи фотографија за која рече дека му ја испратил Путин по нивниот самит на Алјаскаминатата седмица, Трамп рече дека шефот на Кремљ „многу сака да биде таму" и дека „можеби доаѓа, а можеби и не" во зависност од исходот на мировните напори во врска со Украина.

Руските тимови имаат забрана за учество на Светското првенство и на други меѓународни спортски натпревари поради инвазијата на Украина.

Претходно, на 22 август, Трамп изјави дека Путин и Зеленски се „како масло и оцет" и дека не е јасно дали ќе дојде до трилатерален состанок.

„Ќе видиме дали ќе морам да бидам таму", рече тој. Повеќе би сакал тие да имаат состанок и да видиме како ќе се снајдат."

Трамп исто така „изрази незадоволство" поради рускиот напад на 21 август кој ја погоди американската фабрика во западна Украина. Неколку работници беа повредени во нападот на фабриката, која е една од најголемите американски инвестиции во Украина.

Претходно оваа недела, Трамп по состанокот со Зеленски и европските лидериво Белата куќа, изјави дека започнал подготовки за состанокот помеѓу Путин и Зеленски по телефонскиот разговор со рускиот лидер. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја намали важноста на тој план, изјавувајќи за американската телевизија NBC дека не постои агенда за таков самит.

„Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога агендата за самитот ќе биде подготвена. А таа агенда моментално воопшто не е подготвена“, рече тој.

Изјавата одразува став на Москва дека состанокот е невозможен освен ако не се исполнат одредени услови.

Претходно, на 22 август, Зеленски рече дека Русија прави сѐ што може да ја спречи средбата помеѓу него и Путин. Зеленски неколку пати го повика Путин на средба, тврдејќи дека тоа е единствениот начин да се преговара за завршување на војната.

Малку надежи за украинските цивили од евентуалниот самит Зеленски - Путин Малку надежи за украинските цивили од евентуалниот самит Зеленски - Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

„Состанокот е една од компонентите како да заврши војната", рече на прес-конференција во Киев заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„А бидејќи тие не сакаат да ја завршат, ќе бараат начин да ја избегнат."

Зеленски ги повика западните земји да ги заострат санкциите против Русија за да ја натераат Москва на мировни преговори.

Рутте изјави дека НАТО сојузниците и Украина работат на тоа безбедносните гаранции да бидат доволно силни за Русија никогаш повеќе да не се обиде со напад.

„Робустните безбедносни гаранции ќе бидат клучни, и токму на тоа сега работиме," рече тој.

Со извештаи на АФП и АП

XS
SM
MD
LG