Достапни линкови

Локални избори

Во живо Локални избори 2025

- ДИК: Сите гласачи места отворени навреме

- Осми по ред локални избори

- Над 300 кандидати за градоначалници

- 575 листи за советници

- Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи

- Се гласа во 80 општини и во Град Скопје

17:57 19.10.2025

ДИК: До 17 часот правото на глас го оствариле 39,61 отсто од гласачите

Одзивот на гласачи до 17 часот изнесува 39,61 процент соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на попладневната прес-конференција. Податоците се добиени од 3221 избирачки места каде што гласале 1.699 296 гласачи од запишаните во избирачкиот список.

Од ДИК велат дека изборниот процес се одвива непречено и без проблеми. До овој момент нема пристигнато приговори за евентуални неправилности. За детални информации за излезноста до 17 часот кликнете ТУКА.

16:54 19.10.2025

Мирен изборен ден, граѓаните очекуваат чисти општини и вредни градоначалници

Со очекувања за почисти и пофункционални општини, но и подобар живот во локалната самоуправа, граѓаните на Северна Македонија гласаат на осмите локални избори од осамостојувањето на државата.

Што велат граѓаните кои денеска излегоа на гласање и кои се нивните очекувања? Кои се последните официјални податоци на Државната изборна комисија за излезноста на граѓаните со право на глас? За информациите за досегашниот тек на гласањето кликнете тука.

16:47 19.10.2025

Одзивот на локалните избори до 15 часот е 31 отсто

Одзивот на гласачи до 15 часот изнесува 31 процент, соопшти попладнево Државната изборна комисија (ДИК). Податоците се добиени од 91,16 проценти од избирачки места на кои досега гласале 515.069 граѓани.
Оттаму посочија дека до Комисијата нема пристигнато приговори за евентуални неправилности на гласачки места и дека изборниот процес поминува во мирна и демократска атмосфера.

16:06 19.10.2025

ЗНМ: Да се обезбеди непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес, како што велат, е од суштинско значење за довербата во изборите.

До ЗНМ, како што се наведува во нивното соопштение, изутрината биле пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи. Повеќе детали прочитајте ТУКА

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG