ВМРО ДПМНЕ со убедливо водство – Битката за Скопје продолжува
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди славеа. ДУИ тврди дека има повеќе албански гласови од Влен, а лидерот на СДСМ Венко Филипче нема намера да поднесе оставка, ќе продолжи да ја консолидира партијата. Гласањето помина мирно без ниту еден инцидент, потврдија МВР и Обвинителството.
Владејачките партии освоија најмногу градоначалници во првиот изборен круг
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг локални избори освои градоначалници во 30 општини, а убедливо води во Скопје. Лидерот Мицкоски отфрли секаква можност за вонредни парламентарни избори. СДСМ добија градоначалници во три општини. Лидерот Венко Филипче нема намера да поднесе оставка, ќе продолжи да ја консолидира партијата.
Победа остварија и Изет Меџити во Чаир и Билал Касами во Тетово, а Колаицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи во Гостивар.
Гласањето помина мирно без ниту еден инцидент, потврдија МВР и Обвинителството. За целиот извештај од првиот круг на локалните избори кликнете тука.
Филипче: СДСМ победи во три општини, води во девет
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други – меѓу кои Центар, Пробиштип, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци. За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прециозен.
Генерално тој рече дека не е изненаден од резултатите бидејќи партијата се консолидира се уште, но дека нивната порака е примена од повеќе граѓани. Повика на масовна излезност во вториот круг.
Адеми: НАИ во прв круг има градоначалници во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница
Нови градоначалници од коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во првиот круг имаме во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница, објави потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми.
Тој рече дека на национално ниво, „НАИ е апсолутен победник со над 20.000 гласови и со гласовите што уште се обработуваат оваа разлика можеби ќе биде уште поголема“.
Коалицијата предводена од ДУИ се прогласи за апсолутен победник и во Врапчиште, но според Адеми тука изборите ќе се повторат затоа што не е обезбеден цензусот од најмалку една третина од гласачите да излезат на гласање. Во втор круг, кандидатите на НАИ ќе одат во Кичево, Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и Арачиново.