Достапни линкови

Локални избори

Во живо Локални избори 2025

- ДИК: Сите гласачи места отворени навреме

- Осми по ред локални избори

- Над 300 кандидати за градоначалници

- 575 листи за советници

- Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи

- Се гласа во 80 општини и во Град Скопје

15:58 19.10.2025

Две лица во Прилеп лишени од слобода поради „поткуп при избори и гласање“

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. Досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Сепак тој додаде дека во Прилеп од слобода биле лишени две лица поради „поткуп при избори и гласање“.

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

Локални избори 2025
Локални избори 2025
15:03 19.10.2025

ОБСЕ/ОДИХР: Не е важен само изборниот ден, туку и предизборните и постизборните процеси

Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во земјава, Матео Мекачи изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите.

Мисијата се состои од 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата држава.

Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОБСЕ / ОДИХР
Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОБСЕ / ОДИХР
14:08 19.10.2025

Одзивот до 13 часот изнесува 20, 17 отсто

Излезноста на локалните избори до 13:00 часот изнесува 20,17%, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на редовната прес-конференција.

Податоците, како што појаснија од Комисијата, се добиени од вкупно 3.387 избирачки места низ државата.

Најголема излезност е регистрирана во општините Богданци, Вевчани и Градско, а најмал одзив на гласачките места има во општините Босилово, Врапчишта и Гази Баба.

Прес-конфеенција на Државната изборна комисија, 19 октомври 2025
Прес-конфеенција на Државната изборна комисија, 19 октомври 2025
13:52 19.10.2025

Гласањето засега без посериозни проблеми, граѓаните очекуваат функционални општини

Навреме беа отворени сите гласачки места и гласањето засега е без проблеми. Граѓаните очекуваат поуредени и посредени општини. Некои, пак, се скептични дека нешто ќе се смени.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG