Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот Правобранител
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.
Одлучи што е важно за твојата општина!
ДИК: До 9 часот и 15 минути гласале 3 проценти од запишаните избирачи
Државната изборна Комисија изутрината соопшти дека до 9 часот и 15 минути на државно ниво гласале 3 проценти граѓани со право на глас од вкупниот број избирачи.
Станува збор за резултати од 75 насто од избирачките места. Вкупниот број граѓани што гласале изнесува 41 илјада.
„Државната изборна комисија известува дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, стои во соопштението на Комисијата. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко на прес конференцијата нотираше минорни проблеми во текот на гласањето на одредени места.