Достапни линкови

Иран ги отповикува амбасадорите додека му се закануваат санкции од ОН


Барбара Вудворд, британска амбасадорка во Обединетите нации
Барбара Вудворд, британска амбасадорка во Обединетите нации

Иран ги отповика своите амбасадори од Велика Британија, Франција и Германија, додека се ближи времето за воведување „повратни“ санкции од страна на Обединетите Нации (ОН) за Техеран поради неговата нуклеарна програма.

Доколку не се постигне вонреден договор во последен момент, ОН треба повторно да воведат казнени мерки против Иран до 27 септември на полноќ.

Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека ги повикало амбасадорите дома на консултации по она што го нарече „неодговорен потег“ од страна на трите европски постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Трите земји, познати како Е3, почнаа 30 дневно одбројување до повторното воведување на санкциите, обвинувајќи го Иран за кршење на договорот од 2015 година, чија цел беше да се спречи развој на нуклеарно оружје.

Обидот во последен момент од страна на постојаните членки Русија и Кина да ги одложат санкциите за шест месеци не успеа во Советот за безбедност на 26 септември.

Какви ќе бидат санкциите?

Санкциите против Иран вклучуваат ембарго за конвенционално оружје, ограничувања за активности поврзани со балистички ракети, забрана за збогатување и преработка на ураниум, глобално замрзнување средства и забрани за патување за ирански поединци и субјекти.

„Советот нема потребна гаранција дека постои јасен пат кон брзо дипломатско решение. Санкциите на ОН насочени кон ширењето на иранското оружје ќе бидат повторно воведени овој викенд“, изјави Барбара Вудворд, британска амбасадорка во Обединетите нации, на 26 септември.

Техеран веднаш ја осуди акцијата на ОН.

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, рече во Советот за безбедност дека „притисокот за таканареченото „обновување на санкциите“ е јасен и конзистентен - правно ништовен, политички непромислен и процедурално погрешен.“

Тој рече дека Техеран „никогаш нема да попушти“ под притисокот околу својата нуклеарна програма, за која вели дека е исклучиво за цивилни цели инсистираше дека земјата не се стреми кон нуклеарно вооружување.

И покрај овие изјави, Арагчи остави отворена врата за понатамошни разговори во последните 24 часа пред санкциите да стапат во сила.

„Дипломатијата никогаш не умира“, рече тој.

Санкциите против Иран беа укинати како дел од договорот од 2015 година со светските сили, чија цел беше да се спречи Техеран да се стекне со нуклеарно оружје. Европските потписници на договорот го обвинуваат Техеран дека го крши договорот.

Европските потписници на договорот го обвинуваат Техеран дека го крши договорот.

Како дел од процесот, Советот за безбедност мораше да гласа во рок од 30 дена за резолуција за да продолжи ублажувањето на санкциите врз Иран, за што се потребни најмалку девет гласа „за“ и ниту едно вето од САД, Русија, Кина, Обединетото Кралство или Франција за да се усвои.

Таквата резолуција беше гласана на 19 септември, но не беше усвоена.

Русија ги нарече санкциите „несмасна уцена“

Претходно, на 26 септември, Советот за безбедност го отфрли последниот обид на Русија и Кина да го одложат повторното воведување санкции врз Иран.

Двете земји, кои имаат блиски врски со Техеран, предложија нацрт-резолуција со која на Иран ќе му се дадат уште шест месеци за разговори, или до 18 април 2026 година, изјавија дипломати за новинските агенции, но предлогот не доби гласови од Советот за безбедност.

„Се надевавме дека ние, европските колеги во Соединетите Држави, ќе размислиме двапати и ќе се одлучиме за пат на дипломатија и на дијалог наместо за нашата несмасна уцена“, рече Дмитриј Пољански, заменик-амбасадор на Русија во ОН пред гласањето.

„Дали Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин направија некакви компромиси? Не, не направија“, рече тој.

Кина, Русија, Пакистан и Алжир дадоа поддршка во Советот за да му се дадат на Иран уште шест месеци. Девет земји гласаа против, а две беа воздржани.

По гласањето, Полјански му рече на советот дека „немало повторно воведување санкции и нема да има. Сите потези за оживување на анти-иранските резолуции на Советот за безбедност што беа на сила пред 2013 година се ништовни“.

Полјански не кажа детали и не беше веднаш јасно какви чекори ќе преземе Русија за да го спречи повторното воведување санкции.

Бехнам Бен Талебу, експерт за Иран во Фондацијата за одбрана на демократиите со седиште во Вашингтон, рече дека повторното воведување санкции нема да има никакво влијание доколку санкциите не се спроведат.

Тоа е следната битка за Вашингтон и за неговите европски сојузници.

„Ќе следам дали администрацијата на Трамп и Европејците можат повторно да го формираат панелот експерти за справување со спроведувањето на санкциите во 2025 година“, изјави тој за Радио Слободна Европа.

„Така ќе проценам дали повторното воведување на санкциите е успешно. Не станува збор за оваа бирократска борба, туку за бирократските борби што допрва треба да се случат [околу имплементацијата]“, рече Бен Талебу.

„Ѕид на недовербата“

Европската тројка (Е3) соопшти дека би била подготвена да го продолжи рокот ако Иран исполни низа услови, вклучувајќи директни разговори со САД за неговата нуклеарна програма, дозволување на пристап на нуклеарните инспектори на ОН до нуклеарните постројки и објаснување на повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум за кој Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) тврди дека Техеран го поседува.

На 26 септември, Арагчи и МААЕ објавија дека тим инспектори од надзорниот орган на ОН сега се наоѓаат во Иран, иако деталите се чуваат во тајност.

Европските земји рекоа дека тоа не е доволно за да се спречи повторното воведување санкции на 27 септември.

Во коментари за новинарите по гласањето, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рече дека неговата земја е подготвена да биде „транспарентна во врска со нашиот високо збогатен ураниум“.

Но, тој додаде и дека „ѕидот на недоверба“ меѓу Техеран и Вашингтон е „прилично висок“.

Новите казни ќе дојдат покрај постојните санкции против Иран, мерки што сериозно ја осакатија иранската економија.

Иранските власти се обидоа да го минимизираат влијанието на повторното воведување санкции од страна на ОН, но експертите рекоа дека тие силно ќе го погодат Иран, меѓу другото, ослабувајќи ја неговата валута.


XS
SM
MD
LG