Три децении од масакрот на пазарот Маркале во Сараево, виновникот е на слобода
Пред три децении, во нападите од позициите на српските сили околу Сараево беа убиени 43 лица, а ранети уште 84 на пазарот Маркале во Сараево. Тоа беше втор масакр за година и пол на речиси истата локација. Два дена откако беше испукана минофрлачка граната од позиција на војската на Република Српска на 28 август 1995 година, НАТО одговори со серија воздушни напади врз цели околу Сараево и низ цела Босна и Херцеговина. Командант на сараевско-романискиот корпус на српската војска во тоа време беше Чедомир Сладоје, кој ја издал наредбата. Тој сега живее во Белград и не е обвинет за злосторството.