Русија во текот на ноќта лансираше десетици дронови кон украинските цели. Ова е најновиот во низата воздушни напади кои ги намалија надежите за прекин на војната во Украина по минатонеделниот самит на Алјаска.
Украинската војска соопшти дека соборила или пресретнала речиси триесет од повеќе од 50 дронови кои Русија ги истрела рано на 23-ти август. Сè уште не е познато дали има жртви или штета на теренот.
Вкупниот број дронови беше помал во споредба со руските напади претходно во текот на неделата. Рускиот напад на 21-ви август целеше кон локации во западниот дел на Украина, што е релативно редок настан — вклучувајќи и американската фабрика.
Компанијата соопшти дека неколку работници се повредени во нападот.
Украинските служби за вонредни ситуации денеска (23. август) соопштија дека пожарот во фабриката конечно е изгасен. Фрустрациите поради недостатокот на напредок по самитот на 15. август помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска беа видливи во јавноста на 22. август, кога Трамп најави дека опцијата за воведување нови санкции кон Русија повторно е на маса.
Белата куќа претходно соопшти дека состанок помеѓу Путин и украинскиот претседател, Володимир Зеленски е можен. Сепак, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека таков состанок не е планиран.
„Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога ќе биде подготвен дневниот ред за самитот", изјави Лавров во интервју за NBC News на 22 август.
„А дневниот ред воопшто не е подготвен во моментот".
Путин, во меѓувреме, го пофали Трамп, опишувајќи го како „светло на крајот од тунелот" за односите меѓу САД и Русија.
„Нашите односи со Соединетите Американски Држави се на едно од најниските нивоа од крајот на Втората светска војна", рече Путин за време на посетата на Саров, на 22 август.
„Но, со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот“.
Трамп во обраќањето до новинарите во Белата куќа рече дека сака да види дали ќе дојде до состанок помеѓу Путин и Зеленски пред да одлучи за нови санкции. Постави рок од две недели за донесување одлука — рок кој често го најавуваше, а потоа го одлагаше.
Тогаш ќе донесам одлука за тоа што ќе направиме, и тоа ќе биде многу важна одлука," рече тој.
„Без разлика дали се работи за масовни санкции, масовни царини, или двете. Или нема да направам ништо и ќе кажам: 'Ова е ваша војна.'
Зеленски ја обвини Русија дека прави сè за да спречи директна средба помеѓу него и Путин. Зеленски повеќепати го повика Путин на средба, но Путин го смета за нелегитимен лидер, повикувајќи се на фактот дека во Украина не се одржани нови избори.
Воената состојба ја спречува Украина да организира избори, иако украинските функционери сигнализираа отвореност кон таа можност.
„Средбата е една од компонентите за тоа како да се заврши војната", рече Зеленски на конференцијата за новинари во Киев заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на 22-ри август.
„А бидејќи тие не сакаат да ја завршат, ќе бараат начин да ја избегнат."
Можноста за безбедносни гаранции за Украина со поддршка на САД исто така беше разгледувана за време на самитот на Алјаска, а европските лидери ги забрзаа напорите да ја прецизираат формата на тие безбедносни гаранции.Зеленски рече дека за таа тема разговарал со Руте, истакнувајќи дека гаранциите треба да бидат слични на член 5 на НАТО, кој дефинира нападот на еден член како напад на сите членки на сојузот."Силните безбедносни гаранции ќе бидат клучни, и токму на тоа сега работиме", рече Зеленски.
Можноста за безбедносни гаранции за Украина со поддршка на САД исто така беше разгледувана за време на самитот на Алјаска, а европските лидери ги забрзаа напорите да ја прецизираат формата на тие безбедносни гаранции.
Зеленски изјави дека за таа тема разговарал со Руте, нагласувајќи дека гаранциите треба да бидат слични на член 5 од основачкиот договор на НАТО, кој го дефинира нападот на еден член како напад на сите членки на сојузот.
„Силните безбедносни гаранции ќе бидат клучни и токму на тоа сега работиме“, рече Зеленски.