Ужалените семејства погодени и од скапи погреби на преполните украински гробишта
Целосната руска инвазија на Украина однесе животи на десетици илјади Украинци. Високиот број на жртви доведе до недостиг на гробови на гробиштата низ земјата. Дописникот на Current Time, Борис Сачалко известува за тоа како зголемените трошоци за погреб влијаат на украинските семејства кои тагуваат за загубата на паднатите војници и најблиските.