Многу христијани го прославија Велигден на 14-17 април оваа година, а празникот ќе го одбележат и православните христијани в недела. Овие фотографии доловуваат како се празнуваше Велигден во Украина разурната од војна, како и во соседните земји кои примија милиони украински бегалци.
Велигденски прослави во Украина, Полска, Унгарија и Романија

5
Луѓе присуствуваат на осветувањето на гранките од врба на Цветници во Лвив на 17 април.

6
Цветници среде инвазијата од Русија, во Ивано-Франковск на 17 април.

7
Девојче држи гранчиња од врба на прославата на Цветници во Ивано-Франковск на 17 април.

8
Луѓе држат украински знамиња додека се молат за време на поворката „Патот на крстот“ во Стариот град во полскиот главен град Варшава, на 15 април. Полска им обезбеди засолниште на околу 2,5 милиони Украинци кои ја напуштија својата земја по руската инвазија.