Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите.
Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Сите изборачки места се навреме отворени, а гласањето тече во најдобар ред и без проблеми.
Смртта на еден Украинец додека бил во воен притвор на 23 октомври, предизвика истрага откако објаснувањето на армијата не ја задоволи мајката на човекот. Адвокат сега бара одговори, обвинувајќи ги властите за употреба на прекумерна сила додека се обидувале да го регрутираат.
16 лица загинаа кога на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година се урна бетонска настрешница на проект изведуван од Кина. Семејствата сè уште чекаат правда, протестите растат, а српската влада молчи.
Дваесет и петгодишниот Андреј стана познат под псевдонимот Градинарот, откако почна бесплатно да ги уредува паркчињата во Скопје. На улица веќе го препознаваат, додека пораки и коментари за поддршка добива и на социјалните мрежи.
Прозорците беа скршени, а ходниците беа извалкани со крв откако руските воздушни напади погодија детска болница во Херсон, во близина на фронтовските линии во јужна Украина. Најмалку девет лица беа повредени, вклучувајќи едно 8-годишно момче и членови на неговото семејство.
Толпата скандираше „Турци надвор!“ додека маршираа низ претежно турската населба во Подгорица, додека бизнисите и автомобилите во турска сопственост беа вандализирани. Инцидентите следеа по тепачка, во која еден Црногорец беше избоден со нож, а беа уапсени осомничени Турчин и Азербејџанец.
Украинската војска се соочува со криза со војници, влошена од лицата кои избегнуваат регрутација и дезертерите кои се обидуваат да ја напуштат земјата. На границата со Романија, мажите кои се обидуваат да избегаат од служба или регрутација им плаќаат на шверцери за да ја напуштат земјата.
Демонстранти ширум светот користат уметност, а во некои случаи и вандализам пред руските амбасади, за да ги искажат своите чувства во врска со инвазијата на Кремљ врз Украина.
Руските воздушни напади врз украински градови во текот на ноќта на 26 октомври, погодија станбени објекти. Во Киев, беспилотни летала удрија во две станбени згради, при што загинаа најмалку три лица, а повеќе од 30 други беа повредени, вклучувајќи седум деца.
Руската нафта е главен извор на пари за војната на Кремљ во Украина. Дали новообјавените санкции на САД против руските енергетски гиганти Лукоил и Роснефт ќе имаат ефект врз воениот фонд на Владимир Путин?
Вчитај повеќе