Многу христијани го прославија Велигден на 14-17 април оваа година, а празникот ќе го одбележат и православните христијани в недела. Овие фотографии доловуваат како се празнуваше Велигден во Украина разурната од војна, како и во соседните земји кои примија милиони украински бегалци.
Велигденски прослави во Украина, Полска, Унгарија и Романија

9
Верници држат крст за време на поворката „Патот на крстот“ во Варшава. Поворката на Велики петок е дел од прославите што завршуваат со Велигден, најважниот празник за католиците.

10
Бојадисани велигденски јајца и зајаче украсуваат дрво во Велигденскиот парк во Хајдушобосло, Унгарија, на 12 април. Употребата на бојадисани и украсени велигденски јајца за прв пат е забележана во 13 век. Јајцето е симбол на воскресението Христово.

11
Танцовиот ансамбл Нирсег изведува традиционален танц на Велигден во селскиот музеј Состо во Нирегихаза, Унгарија, на 18 април.

12
Облечени во народни носии, женските членови на танцот ансамбл Нирсег држат корпа исполнета со обоени јајца во Нирегихаза, Унгарија, на 18 април.