Достапни линкови

Вести

Полска пречека околу половина милион украински бегалци

Пристигнување на украински бегалци во Полска на железничка станица
Пристигнување на украински бегалци во Полска на железничка станица

Околу половина милион украински бегалци стигнаа до полска територија од почетокот на руската инвазија во поранешната советска република оваа недела јавува германската новинска агенција ДПА.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека како први соседи на Украина се должни да им помогнат на бегалците од војна, и токму тоа го прават.

„Создадовме хуманитарен коридор и ги забрзавме сите процеси што можеме да ги забрзаме од наша страна“, изјави Моравјецки пред заедничката посета на граничниот премин Корчова со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој ги повика луѓето кои бараат засолниште да ја игнорираат руската пропаганда за начинот на кој тие ќе бидат третирани на границата.

“Полска им помага на сите луѓе кои бегаат од војната, на сите воени бегалци, без оглед на нивната земја на потекло“, рече Моравјецки.

Неговата изјава наиде на пофалба од папата Франциск.

„Вие бевте првите кои ја поддржаа Украина, со тоа што ги отворија своите граници, срца и врати за оние Украинци кои бегаат од војната“, изјави папата Франциск во Ватикан.

Претседателот на Европскиот Совет Мишел изјави дека е важно сите земји-членки на ЕУ да покажат солидарност и како што се развива украинската криза да се потрудат да им помогнат на Украинците кои бегаат од рускиот напад.
Руската инвазија на Украина, која започна минатата недела по неколкумесечни руски негирања дека се планира таков напад поттикна стотици илјади цивили да побегнат кон Запад.

Полска не е единствената дестинација на бегалците. Околу 120.000 се упатиле кон Романија, иако повеќе од половината веќе отпатувале во други земји. Романските власти соопштија дека засега на нивна територија останале околу 46.000 украински бегалци.

Во Чешка, властите велат дека регистрирале 20.000 украински бегалци на нивната територија кои пристигнале во периодот од почетокот на кризата.
„Бранот бегалци расте“, изјави денеска премиерот Петар Фијала.

Во меѓувреме, неколку европски железнички оператори поставиле 40 меѓународни брзи возови за носење бегалци кои стигнале до Австрија, Чешка и Полска во Германија.

Патувањето е бесплатно, како и континуираните патувања за оние кои сакаат да се упатат во земји како Белгија, Данска, Франција, Луксембург, Холандија или Швајцарија.

Од воведувањето на воената состојба по рускиот напад врз Украина, на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштаат земјата. Украинската граничари во средата соопшти дека уапсила повеќе од 60 украински мажи кои се обиделе да ја преминат границата илегално во Молдавија.

Еден ден претходно, граничната украинска стража објави дека повеќе од 80.000 Украинци - повеќето мажи - се вратиле во земјата од почетокот на војната минатиот четврток.

види ги сите денешни вести

Филипче бара оставки поради труењето во Трубарево, ВМРО-ДПМНЕ со контраобвинувања

Пожар во Трубарево, 13.09.2025
Пожар во Трубарево, 13.09.2025

По пожарот во фабриката за електричен и електронски отпад на компанијата „Ф Групација“ во скопското село Трубарево, во воздухот биле измерени високи количини на тешки метали и ПМ 10 честички, покажаа податоците на Министерството за животна средина.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека „се потврдило труењето во Трубарево“ и ја обвини Владата за, како што рече, лаги и задоцнета реакција.

Тој побара оставки од министрите за внатрешни работи и здравство, како и од директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, а од обвинителството – итна истрага.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден и не презеде итни мерки за заштита на граѓаните. Властите се директно одговорни за труењето на луѓето“, изјави Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ возврати со критики, обвинувајќи го Филипче за „лажна загриженост“.

„Наместо да глуми грижа, Филипче треба да им се извини на граѓаните за хаосот во здравствениот систем во негово време, за жртвите во корона кризата, недостатокот на медицинска опрема и пожарот во модуларната болница“, соопштија од партијата.

Мерењата направени на 13 и 14 септември регистрирале значително надминување на дозволените граници:

ПМ 10 честички изнесувале 92,65 микрограми на кубен метар (границата е 50), олово било 0,75 (граница 0,5), кадиум 59,1 нанограми (граница 5) и арсен 8,9 (граница 6). Единствено никелот бил во рамките на дозволеното. Според поновите мерења од 18 и 19 септември, состојбата на воздухот е стабилизирана.


Хитроу, Брисел и Берлин погодени од кибернапад врз системите за пријавување

Илустративна фотографија.
Илустративна фотографија.

Кибернапад врз системите за пријавување и качување го наруши работењето на неколку големи европски аеродроми, вклучувајќи ги Хитроу, Брисел и Берлин, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови.

Колинс Аероспејс, која обезбедува системи за пријавување и качување за неколку авиокомпании на повеќе аеродроми низ целиот свет, се соочува со технички проблем што може да предизвика одложувања за патниците што заминуваат, соопшти во саботата на 20 септември лондонскиот аеродром Хитроу, предупредувајќи на одложувања на летови.

Нападот ги оневозможи автоматизираните системи, оставајќи само можно рачно пријавување и качување, соопшти аеродромот во Брисел на својата веб-страница.

„Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и за жал ќе предизвика одложувања и откажувања. Давателот на услуги активно работи на решавање на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо.“

На патниците со летови закажани за сабота на засегнатите аеродроми им се советува да го потврдат своето патување со своите авиокомпании пред да се упатат кон аеродромот.

„Поради технички проблем со давателот на систем кој работи низ цела Европа, има долго чекање при пријавувањето. Работиме на брзо решение“, се вели во пораката на веб-страницата на аеродромот во Берлин.

update

Воена парада во Белград, истовремено мирен собир за поддршка на армијата

Парада на тенковски ешалон на воената парада во Белград, 20 септември 2025 година.
Парада на тенковски ешалон на воената парада во Белград, 20 септември 2025 година.

Во српскиот главен град Белград денеска (20 септември) се одржува воена парада под слоганот „Моќта на единството“. Во исто време, група граѓани, на повик на студентите кои учествуваат во блокадите, дојдоа на мирен собир „во поддршка на армијата“.

Најавено е дека повеќе од 10.000 учесници ќе маршираат на парадата, заедно со над 2.500 парчиња оружје и воена опрема.

Настанот се одржува во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа предизвикани пред десет месеци кога загибаат 16 лица во несреќа на железничката станица во Нови Сад.

ДНајвисоките функционери на српското државно раководство, на гостите од странство и граѓаните им презентираа повеќе од 600 воени возила, 70 авиони и 20 водни пловила.

За време на воздушната претстава, заедно со српските „МиГ“, летаа и француските „Рафали“

Меѓу презентираните единици беше и одредот на воената полиција „Кобра“, кој демонстрираше како ги брани заштитени лица.

Членови на оваа единица беа пронајдени во август во просториите на владејачката Српска напредна партија во Нови Сад, во ноќта кога демонстрантите ги демолираа просториите на СНС во тој град.

Претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, лево, српскиот претседател Александар Вучиќ, втор лево, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, втор десно, и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, ја слушаат српската национална химна.
Претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, лево, српскиот претседател Александар Вучиќ, втор лево, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, втор десно, и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, ја слушаат српската национална химна.

Меѓу странските гости што присуствуваа на парадата беа претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед, член на кралското семејство на Бахреин, Насер бин Хамад, поранешниот претседател на босанскиот ентитет Република Српска Милорад Додик и холивудскиот актер Стивен Сигал.

На 20 септември, српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека тоа е „гордост на Србија“.

„Ова е и опстанок и победа на Србија, која сака мир и просперитет и знае како да го зачува своето достоинство, територија и иднина“, напиша Вучиќ на Инстаграм, веднаш по завршувањето на парадата.

Недалеку од местото на настанот, група граѓани се собраа на покана на студентите кои учествуваат во блокадите да „ѝ дадат поддршка на армијата“ и да изразат незадоволство од нејзината „политизација“.

Во поканата објавена на Инстаграм страницата „Студенти во блокадата“ се наведува дека „сегашната влада активно го нарушува интегритетот, угледот, независноста и аполитичната природа на нашата армија во изминатите 13 години“.

олицијата ги блокира студентите и граѓаните да се приближат до воената парада „Моќта на единството“ во српскиот главен град – 20 септември 2025 година.
олицијата ги блокира студентите и граѓаните да се приближат до воената парада „Моќта на единството“ во српскиот главен град – 20 септември 2025 година.

За време на митингот, полицијата и кордоните на жандармеријата не им дозволија на граѓаните и студентите да влезат во просторот каде што се одржуваше парадата.

Митингот помина мирно, со повремени мали судири со полицијата, а граѓаните се разотидоа по официјалното завршување на настанот.

Граѓаните постојано им кажуваа на полицијците дека не сакаат конфликт, дека „не ги делат граѓаните“ и дека сакаат да ја поздрават армијата, со оценки дека парадата не е парада на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Воената парада се одржа во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа предизвикани од смртта на 16 лица во несреќа во Нови Сад пред десет месеци.

Поради оваа причина, дел од опозициската јавност ја критикуваше организацијата на таков настан, оценувајќи дека владата има намера да „демонстрира сила“ во време на голема поларизација во општеството.

Од друга страна, владини претставници изјавија дека причината за парадата е национален празник - Денот на српското единство, слобода и национално знаме.

Како дел од подготовките за парадата, тенкови и војници со денови беа на улиците на Нов Белград, а дел од таа белградска општина е затворен за сообраќај од 9 септември.

Тројца загинати и десетици повредени во руски напад врз Украина

Пожарникари работат на местото на станбените згради погодени за време на рускиот ракетен напад врз Украина, во Днепар. 20 септември 2025 година.
Пожарникари работат на местото на станбените згради погодени за време на рускиот ракетен напад врз Украина, во Днепар. 20 септември 2025 година.

Русија изврши голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина преку ноќ, при што загинаа најмалку три лица, а десетици други беа повредени, изјави претседателот Володимир Зеленски во саботата.

Во изјава на Телеграм, Зеленски рече дека Русија лансирала околу 580 беспилотни летала и 40 ракети.

Дроновите и ракетите биле насочени кон украинската инфраструктура, компаниите за цивилно производство и станбените области во различни региони низ целата земја.

Активност на беспилотни летала беше пријавена и во Русија на руските и украинските канали на Телеграм.

Тие наводно биле насочени кон регионите Саратов, Ростов и Волгоград, како и Крим окупиран од Русија.

Трамп најави средба со кинескиот претседател Си Џинпинг

Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, во Осака, 29 јуни 2019 г.
Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, во Осака, 29 јуни 2019 г.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа есен на самитот за Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја.

Трамп го објави ова преку својот профил на социјалните мрежи Трут, откако претходно имал телефонскиот разговор со Си. Тој рече дека ќе патува во Кина на почетокот на следната година и оти очекува Си Џинпинг да ги посети Соединетите Држави во соодветно време.

„Тукушто завршив многу продуктивен разговор со кинескиот претседател Си. Постигнавме напредок по многу важни прашања, вклучувајќи ја трговијата, фентанилот, потребата од прекин на војната меѓу Русија и Украина и договорот со Тик-ток“, напиша Трамп.

„Исто така, се согласив со претседателот Си дека треба да се сретнеме на самитот на АПЕК во Јужна Кореја и дека ќе ја посетам Кина во првата половина од следната година. Претседателот Си, исто така, ќе дојде во Соединетите Држави кога ќе биде соодветно“, додаде Трамп.

Трговските активности помеѓу САД и Кина моментално се замрзнати. Тоа започна во април кога двете земји се заканија дека ќе воведат царини од повеќе од 100 проценти за увоз на стоки.
Во август, Трамп потпиша извршна наредба со која го продолжи замрзнување до 10 ноември. Пекинг го следеше американскиот пример.

Трамп и Си се сретнаа неколку пати за време на првиот мандат на американскиот претседател. Тие се сретнаа во Осака, Јапонија, во 2019 година, а претходно во 2017 година Си го посети имотот на Трамп, Мар-а-Лаго.

Во телефонскиот разговор, според кинеската државна новинска агенција Синхуа, Си рекол дека САД треба да избегнуваат еднострани трговски ограничувања, за да не го загрозат досегашниот исход од консултациите меѓу двете страни.

Си ги опиша разговорите како „позитивни и конструктивни“.

Оваа недела претставниците од САД и Кина одржаа нова рунда разговори во Мадрид, Шпанија, којашто беше четврта откако трговските спорови ескалираа оваа пролет.

Потпретседателот на Република Српска ги презема овластувањата од Додик

Давор Прањиќ (фотоархива).
Давор Прањиќ (фотоархива).

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ, го потпиша указот за изменување на Законот за полиција и внатрешни работи, кој на 19 септември беше објавен во Службениот весник на овој ентитет во Босна и Херцеговина.

Во пракса, ова значи дека Прањиќ ги презема претседателските должности од Милорад Додик, кому на 18 август му беше одземен мандатот како претседател на ентитетот. Одземањето на мандатот следуваше по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник од страна на Додик.

Сепак, не е познато кога Додик официјално ги пренел своите овластувања на Прањиќ.

Досега, Додик и раководството ја отфрлаа пресудата на судот на БиХ и одлуките на Централната изборна комисија со кои му беше одземен мандатот и останаа на ставот дека тој е сè уште претседател на Република Српска.

Додик продолжи да носи одлуки како претседател на ентитетот дури и по одземањето на неговиот мандат, а на 23 август го назначи Саво Миниќ за нов мандатар за формирање на влада на Република Српска, иако ова е во спротивност со Уставот на ентитетот.

Република Српска има двајца потпретседатели, но тие не можат да ги преземат претседателските должности во случај ентитетот да нема претседател, како што е случај сега.

Тие можат да ги преземат само привремено, и само ако претседателот им дозволи.

Последниот пат кога имаше сличен ваков случај беше кон крајот на 2024 година, кога Додик ги префрли своите должности на Прањиќ поради операција.

Република Српска моментално нема претседател, а се очекува да добие нов на 23 ноември, кога се закажани предвремени избори за оваа позиција.

По пожарот во Трубарево во воздухот имало големо количество на тешки метали

Пожар во Трубарево, 13 септември 2025 г.
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025 г.

По пожарот во простории на фабриката за електричен и електронски отпад, Ф Групација, во скопското село Трубарево, во воздухот биле измерени големи количини на ПМ 10 честички и тешки метали, покажаа резултатите што попладнето на 19 септември ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање.

Станува збор за мерења што биле направени денот на пожарот – 13 септември и следниот ден – 14 септември.

„По пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за ПМ 10, олово, кадмиум и арсен. Беа измерени високи концентрации на честички и тешки метали, но тековните мерења покажуваат дека состојбата на воздухот е стабилизирана и во рамките на дозволените граници“, соопштија од Министерството.

Жители на Трубарево се плашат од последиците од пожарот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Конкретно мерењата на 13 и 14 септември покажале дека ПМ 10 честички ги има во количина од 92,65 микрограми на кубен метар (дозволената граница е 50), олово имало 0,75 (границата е 0,5), додека кадиумот бил 59,1 нанограми на кубен метар (границата е 5), а арсенот 8,9 (границата е 6).

Никелот бил 6,4 нанограми на кубен метар што е во дозволените граници – под 20.

Претходно во текот на денот, од Министерството објави резултати од мерења направи вчера и денеска (18 и 19 септември) за ПМ 10 честички, според кои, тие сега се во рамки на дозволеното.

Естонија објави дека руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор

Талин тврди дека три руски воени авиони МИГ 31 влегне во воздушниот простор на Естонија на 19 септември (фотоархива).
Талин тврди дека три руски воени авиони МИГ 31 влегне во воздушниот простор на Естонија на 19 септември (фотоархива).

Естонија соопшти дека три руски борбени авиони МИГ-31 влегле во нејзиниот воздушен простор на 19 септември, неколку часа откако Европската комисија го презентираше 19-тиот пакет санкции против Москва поради нејзината целосна инвазија на Украина.

Министерството за надворешни работи во Талин соопшти дека авионите останале во естонскиот воздушен простор 12 минути.

„Русија веќе го наруши воздушниот простор на Естонија четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо. Но, денешниот упад, во кој учествуваа три борбени авиони кои влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено дрзок“, рече министерот за надворешни работи Маргус Цахна.

Естонија е членка на НАТО и на Европската Унија. НАТО соопшти дека нејзините авиони направиле пресретнување на руските.

Инцидентот следува по неодамнешните упади на руски беспилотни летала во Полска и Романија, кои се исто така членки на двете организации.

Истрага за пустошење шуми кај Берово, 15 осомничени

Дрва за огрев (фотоархива).
Дрва за огрев (фотоархива).

Вкупно 15 лица, меѓу кои и полициски началник и директор на подружницата „Малешево“ во „Национални шуми“, се осомничени во истрага за пустошење шуми кај селото Двориште на територијата на Берово.

Меѓу осомничените се и други вработени во Министерството за внатрешни работи, „Национални шуми“, како и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според информациите од обвинителството и од МВР, опустошени се шест илјади хектари шумска површина, односно исечени се 1,5 милиони кубни метри дрва чија вредност е над сто милиони евра.

За основачи на групата која се занимавала со овој бизнис се наведени три лица, од кои едниот е полицаец. Според обвинителството, групата извршила нелегална сеча на дрва кои потоа биле транспортирани и продавани како легални.

Тие добивале поддршка и од полицајци кои не преземале никакви мерки и ги информирале кога се планираат полициски патроли.

Обвинителството тврди дека осомничениот директор од „Национални шуми“ ја одобрувал нелегалната сеча, а началник од полицијата во Делчево ги прикривал сторителите.

„Првоосмничениот, во името и за сметка на осомниченото правно лице, во август и септември 2025 година му дал паричен подарок на директорот на ЈП ’Национални шуми‘, во вкупен износ од 6100 евра со цел да дозволи нелегална сеча на дрвна маса, и тоа пред да биде објавен јавен повик за опожарена дрвна маса“, велат од Јавното обвинителство.

Оттаму тврдат дека припадниците на групата вршеле нелегална сеча и во текот на вчерашниот ден, 18 септември, па осомничениот полициски началник ги известил дека ќе има акција, за потоа информацијата да биде пренесена до остатокот од групата со цел да го „расчистат“ теренот.

За сите 15 осомничени, обвинителството бара да се одреди притвор.

Сите се гонат за две кривични дела – злосторничко здружување и пустошење шуми, додека на шестмина им се става на товар и делото злоупотреба на службена положба и овластување. Првоосмничениот – еден од организаторите на групата, се сомничи и за давање поткуп, додека друго лице за примање поткуп.

ЕУ ги претстави новите санкции и ја обвини Русија за кршење на меѓународното право

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, зборуваше за новите санкции преку претходно снимено видеообраќање.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, зборуваше за новите санкции преку претходно снимено видеообраќање.

Европската Унија (ЕУ) го претстави новиот пакет санкции против Русија во кој, меѓу другото, Брисел бара целосна забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) до почетокот на 2027 со што се забрзуваат претходните планови кои предвидуваа постепено укинување на увозот до крајот на истата година.

Плановите, кои мора едногласно да бидат одобрени од земјите-членки, исто така, бараат ставање на црна листа на дополнителни 118 бродови од руската „флота во сенка“, која се користи за заобиколување на досегашните ограничувањата за извоз на нафта, како и санкции против оние кои се вклучени во индоктринацијата на украинските деца киднапирани од Русија.

„Во текот на изминатиот месец, Русија покажа целосен степен на непочитување кон дипломатијата и меѓународното право“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во видеообраќање објавено на 19 септември.

Наведувајќи ги масовните напади со беспилотни летала и ракети на Русија врз Украина, во кои беше погодена и мисијата на ЕУ во Киев, како и руските упади со беспилотни летала во земјите-членки на ЕУ, Полска и Романија, таа додаде:

„Постојано, претседателот Путин ја ескалира ситуацијата, а Европа одговара со зголемување на притисокот. Затоа денес го презентирам 19-тиот пакет санкции“.

Главната цел на новиот предлог-санкции е да се намалат приходите на Русија од продажба на фосилни горива, што ги користи за финансирање на војната во Украина, рече фон дер Лајен.

„Време е да се затвори славината“, рече таа, истакнувајќи дека сега под санкции се 560 бродови од руската „флота во сенка“.

Таа, исто така, најави целосна забрана за сите трансакции со руските енергетски гиганти Роснефт и Газпром-Нефт, со што ќе се укинат исклучоците што беа направени со претходните пакети санкции.

Притисок од Трамп

Овие потези од Брисел доаѓаат во период кога ЕУ е под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп дополнително да го засили притисокот врз Русија, како услов Вашингтон да преземе казнени мерки како што се санкции или зголемување на царините, во обид да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

Трамп конкретно ги повика европските земји да престанат да увезуваат руска нафта. Само Унгарија и Словачка сè уште го прават тоа. Ниту една од нив не покажа подготвеност да престане, но сегашните планови на Унијата налагаат забрана за увоз на руска нафта на ниво на цела ЕУ до 2027 година.

Ова би се постигнало со користење на правилата за внатрешен пазар, што значи дека одлуката не може да се блокира со вето.

Предлозите презентирани на 19 септември бараат едногласна поддршка. Претходните пакети санкции беа изменети неколку пати, бидејќи Унгарија, која има блиски врски со Русија, се обиде да ги ублажи.

„Нашите санкции функционираат. Тие имаат видливо влијание врз јавните финансии и економскиот раст на Русија. Европската Унија мора да ги засили овие напори заедно со своите партнери додека не се постигне мир“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас на 19 септември.

Клучните точки на новите предложени санкции вклучуваат целосна забрана за трансакции со руски банки и финансиски институции, вклучително и оние што работат во трети земји, забрана за инвестиции во руските специјални економски зони поврзани со војната и дополнителни мерки против кинеските актери што ја поддржуваат руската воена индустрија.

„Овие нови санкции дополнително ќе го ограничат пристапот на Русија до технологии, вклучително и вештачка интелигенција и геопросторни податоци, како и клучни ресурси што се користат за производство на оружје. Ова ги вклучува и оние ресурси што Русија ги добива од странски добавувачи, вклучително и Кина и Индија“, рече Калас.

За прв пат, ЕУ, исто така, ќе ги санкционира дигиталните платформи и ќе воведе забрана за трансакции со криптовалути.

Путин „нè завлекува“

Неколку часови пред објавувањето на пакетот, шефот на британската разузнавачка агенција МИ6, Ричард Мур, изјави дека Русија нема желба за мир во Украина.

Мур, кој се повлекува од функцијата на крајот на септември, зборуваше на темата во британскиот конзулат во Истанбул.

Тој рече оти „апсолутно нема докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин сака вистински преговори и дека досегашното вклучување на Кремљ во разговорите било „завлекување“ додека тој продолжува со својата агресија против Украина.

„Сржта на проблемот е, и отсекогаш била, суверенитетот. Путин го негира суверенитетот на Украина и нејзиното постоење како држава и нација“, предупреди Мур.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG