Примената на американските санкции против Српската нафтена индустрија (НИС) започна во четврток, 9 октомври, објави Радио-телевизија на Србија.
Од НИС се огласија за новата ситуација, нагласувајќи дека „приоритети, како и досега, остануваат редовното снабдување на домашниот пазар со нафтени деривати, како и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените“.
„НИС во овој момент обезбеди доволно залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се правилно снабдени со сите видови нафтени деривати“, соопштуваат од НИС.
Оттаму предупредија дека во случај странските платежни картички да престанат да функционираат, плаќањето на бензинските пумпи ќе биде можно со домашни и други картички, готовина и методот „IPS show“.
Кога станува збор за големопродажба, компанијата наведува дека е подготвена да ги исполни „сите договорни обврски кон деловните партнери, вклучувајќи ги корпоративните клиенти и големите клиенти“.
„Платежните картички на корпоративните клиенти функционираат непречено“, се наведува во соопштението од НИС.
Видете и ова: Српската нафтена индустрија побара од САД да ги одложат санкциите за најмалку 90 денаНИС, како што објавија, во соработка со партнерите, Владата на Србија и акционерите, работи на надминување на оваа ситуација.
Во меѓувреме, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Хрватска е подготвена да ја купи Нафтената индустрија на Србија, доколку тоа е решението.
„Нашата рака е испружена, ако тоа е решението, ние сме подготвени за таа опција“, изјави Шушњар, коментирајќи го воведувањето на американските санкции врз НИС.
Тој рече дека ова ќе обезбеди континуитет и деловни интереси на Јадранскиот гасовод, кој е тесно поврзан со НИС веќе 40 години, „без никакви претензии да доминира на малопродажниот пазар во Србија“.
„Тоа би ни олеснило и нам и на Србија“, додаде хрватскиот министер кој доаѓа од десничарското Татковинско движење, малцински партнер во владата на премиерот Андреј Пленковиќ на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Инаку од јануари, кога НИС беше ставена на листата на санкционирани компании, Соединетите Држави (САД) ја одложуваа примената на санкциите осум пати, последниот рок беше до 8 октомври.
НИС беше ставена на листата на санкции на САД на 10 јануарипоради таканаречениот „секундарен ризик“, односно мнозинска руска сопственост.
Санкциите на САД имаат за цел, меѓу другото, да го спречат финансирањето на војната во Украина, преку пари што доаѓаат од руските енергетски компании.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 7 октомври изјави дека Белград ќе разговара со Русија за решавање на проблемот со санкциите против српската нафтена индустрија.
„Веќе немаме за што да разговараме со Американците. Соединетите Држави ги исклучија своите, а Европа ќе ги поддржи американските санкции“, рече Вучиќ.
Во септември, НИС поднесе изменето барање до американските власти за отстранување од листата на Специјално назначени национални лица, што, како што наведоа, е долгорочен и сложен процес, а првичното барање беше испратено на 14 март оваа година.
Во меѓувреме, сопственичката структура на НИС е променета неколку пати, но таа сè уште е претежно во рацете на руски компании.
Газпром го напушти сопствеништвото на НИС во септември, а еден од важните сопственици стана друга компанија управувана од Газпром - компанијата „Интелиџенс“ од Санкт Петербург. Акционерското друштво Интелиџенс стана сопственик на 11,3 проценти од акциите на компанијата, според податоците објавени на веб-страницата на Белградската берза на 21 септември.
Видете и ова: Јадранскиот нафтовод доби дозвола да ѝ испорачува нафта на Нафтената Индустрија на Србија до 15 октомвриНајголемиот удел во НИС сè уште го држи Газпром Нефт, подружница на Газпром (44,9 проценти), додека Државата Србија има 29,9 проценти. Другите акции се на мали акционери.
Уште во јануари, Вучиќ ја отфрли можноста за национализација на НИС, додавајќи дека Србија „нема да учествува во запленувањето на рускиот имот“.
Тешката испорака на сурова нафта во Србијаи извозот на гориво, повисоките цени на нафтените деривати, недостигот и проблемите во платните трансакции се можни негативни последици што би биле предизвикани од примената на американските санкции против НИС, посочија претходно експертите за Радио Слободна Европа (РСЕ).
НИС веќе бележи деловни загуби. Во финансискиот извештај објавен во август, се наведува дека на крајот од првата половина од годината, компанијата работела со загуба од 3,6 милијарди динари (30 милиони евра), меѓу другото, поради американските санкции.
Последиците би можеле да се почувствуваат и во земјите во регионот каде што работи НИС.
НИС, патем, е единствената компанија во Србија што се занимава со истражување, производство и преработка на нафта и природен гас. Беше во мнозинска државна сопственост до 2008 година, кога Србија продаде 51 процент од НИС на Гаспром Нефт за 400 милиони евра.
Три години по почетокот на инвазијата, Србија сè уште зависи од Русија за енергија.
Таа зависност беше еден од клучните аргументи на властите во Белград за непочитување назападните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, и покрај повиците и предупредувањата од Брисел и Вашингтон.