Дали Алијанса за Албанците останува во Владата или ќе замине во опозиција ќе се знае по утрешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Алијанса и министер за здравство Арбен Таравари. На оваа средба која денеска ја најави премиерот, се очекува да бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав.
Мицкоски како што нагласи, на таа средба јасно сака да слушне дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, дека во најмалку пет или шест општини каде што ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници.
„Тоа, прво значи себепонижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го подржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави Мицкоски.
Видете и ова: Меџити за Таравари: Не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од ВладатаАлијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговиоте коалициски парнери во ВРЕДИодлучија коалицијата за стане партија, но без Алијанса, а Таравари го обвинија за контакти со опозициската ДУИ.
По положувањето на цвеќе на гробот на Гоце Делчев,во црквата „Свети Спас“, премиерот се поздрави со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој исто така положи цвеќе по повод 122-та годишнина од смртта на Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери.
Филипче, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека со Таравари не разговарал за соработка на локалните избори.
„И покрај тврдењата дека владината коалиција е стабилна, сметам дека тоа што се случува го покажува спротивното. Кога еден дел од владината коалиција практично се отцепува, тоа е знак дека владината коалиција е нестабилна. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвива тој процес, има различни најави, има различни информации, следи очигледно еден многу динамичен период“, рече Филипче.
Видете и ова: Филипче: Верувам дека САД конкретно ќе помогнат за евроинтеграциитеВо црквата „Свети Спас“ во Скопје на одбележувањето на 122-та годишнина од смртта на Гоце Делчев немаше никој од првите луѓе на партиите од албанскиот политички блок, а не дојде ниту претседателот на Собранието Африм Гаши.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Филипче реагираа на изјавите на претседателот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој деновиве повторно се заканува дека ДУИ ќе ја дестабилизираат државата ако екс министерот Крешник Бектеши биде осуден за пожарот во Кочани или Уставниот суд расправа за Законот за јазиците.
Мицкоски му порача на лидерот на ДУИ да не гледа во минатото, туку во иднината и „ако е мудар, како што се претставува, да извлече поука и наместо да се заканува, да направи структурни програмски и кадровски реформи и со нови ликови да излезе на избори“.
Филипче, пак, рече дека „правото на протест е уставно загарантирано право, но воопшто не смета дека треба да биде злоупотребено во политички цели“.
Видете и ова: Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избориНа помалку од пест месеци пред локалните избори партиите веќе ги почнаа подготвоките, но и меѓупартиските прегрупирања. Лидерот на СДСМ Филипче вели дека кај нив процесот за селекција е почнат и деновиве ќе ги објават првите имиња. Најави дека повеќето од актуелните градоначалници, ќе влезат во трка за уште еден мандат.
ВМРО-ДПМНЕ во вторник треба да имаат седница на Извршниот комитет на партијата, на која ќе почнат да ја формираат структурата на републичкиот изборен штаб. Анкетите и селекцијата траат, вели партискиот лидер Мицкоски кој очекува до крајот на мај да бидат познати 90 проценти од имињата на кандидатите за градоначалници, по што ќе излезе со предлозите пред Извршниот и Централниот комитет.
Датумот за одржување на локалните избори, најверојатно во октомври, се уште не е одреден, но претседателот на Собранието Африм Гаши најави дека на крајот на јули или почетокот на август тој веѓе ќе се знае и Собранието ќе се распушти.