Резиме
- Руте во интервју за РСЕ ја коментира американската иницијатива од 28 точки за запирање на војната во Украина, истакнувајќи ја улогата на Алијансата во поттикнување дијалог меѓу Украина и Вашингтон.
- Планот предлага контроверзни мерки, меѓу кои ограничување на украинската армија, отстапување територии на Русија и олеснување на санкциите кон Москва – што предизвика загриженост во Европа и Киев, кои не учествувале во изработката на почетниот предлог.
- Руте ја нагласи важноста секој мировен договор да гарантира дека Русија нема повторно да ја нападне Украина и дека не ја исклучува можноста за идно членство на Киев во НАТО.
Американскиот мировен предлог помогнал да се доближат ставовите на Киев и Вашингтон за начинот на кој би можело да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, најголемиот и најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во интервју за Радио Слободна Европа(РСЕ).
Зборувајќи од седиштето на воената алијанса во Брисел на 24 ноември, Руте ги опиша викенд-преговорите во Женева меѓу американски и украински преговарачи околу предлогот, како „многу успешни“.
„Па, очигледно е дека некои од елементите треба навистина внимателно да се разгледаат“, рече Руте за планот од 28 точки, додавајќи дека „како основа вчера ја исполни својата цел – да ги поттикне двете страни на вистински дијалог“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Руте за РСЕ: Путин ќе се соочи со разорни последици ако го прекрши евентуалниот мировен договор
Планот, кој протече во неколку медиуми, меѓу кои и увид имаше и РСЕ, минатата недела предизвика аларм во повеќе европски престолнини, како и во Киев, каде некои го оценија како „листа на желби“ на Кремљ.
Условите бараат обемни отстапки од Украина и наликуваат на многу од барањата на Кремљ – вклучително и предавање на украинските региони Донецк и Луганск, познати како Донбас, како и Крим; заедно со поставување ограничувања на големината на украинската армија.
Предлогот ,исто така, предвидува Русија да биде вратена во групата Г-7 на водечките индустриски земји, како и постепено олеснување на западните санкции за Кремљ.
Видете и ова: Украинската делегација ја напушта Женева додека продолжува работата на мировниот предлог од САДОткако предлогот излезе во јавност, европските дипломати забрзано почнале да подготвуваат контрапредлог што би бил поповолен за Киев.
58-годишниот поранешен холандски премиер рече дека „елементите што повеќе ги засегаат ЕУ или НАТО ќе се дискутираат одделно“.
Американскиот претседател Доналд Трамп првично ѝ даде рок на Украина до 27 ноември да се согласи со предлогот, но подоцна го ублажи тој рок.
Не беше објавено како ревидираниот план би ги третирал прашањата како што се гарантирање на украинската безбедност од идни руски закани или финансирање на обновата на Украина по војната.
Видете и ова: ЕУ ги поздрави напорите за мир во Украина, но бара вклучување во носењето одлукиРуте потврди дека бил во контакт и со Трамп и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на викендот и беше воздржан од разгледување на предлогот точка по точка.
Но, тој нагласи дека „крајната цел“ на разговорите е „суверена Украина во иднина, силна држава и Русија никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне“.
„Знам една работа за Русите генерално и за Путин конкретно. Кога ќе склучите договор, мора да бидете сигурни дека е во негов интерес да го почитува“, рече Руте.
„Затоа е толку важно дека кога и да се постигне мировен договор за Украина, тој никогаш повторно да не се обиде. И нема да се обиде ако знае дека последиците ќе бидат катастрофални доколку повторно се обиде да ја нападне Украина по долгорочен прекин на огнот или, по можност, по мировен договор.“
Членство во НАТО за Украина?
Руте сепак коментираше два аспекта од планот кои се однесуваат на Алијансата: идниот дијалог со Русија и можноста за членство на Украина во НАТО.
Шефот на НАТО, кој ја презеде функцијата во октомври минатата година, рече дека идните разговори нема да се водат преку Советот НАТО–Русија, кој последен пат се состанал непосредно пред целосната руска инвазија во февруари 2022 година, ниту преку Основачкиот акт НАТО–Русија од 1997 година, кој ги дефинира односите меѓу 32-члената Алијанса и Москва.
„Овие работи се мртви, овие две институции – Советот НАТО–Русија и Основачкиот акт – се мртви откако Путин ја нападна Украина“, рече Руте, додавајќи дека инвазијата е „против сите основни западни вредности и против она за што стоеја тие документи и институции“.
Видете и ова: ЕУ- Границите на Украина не можат да се менуваат со силаТој не ја исклучи целосно можноста за идно членство на Украина во НАТО, иако почетниот американски предлог предвидуваше дека Алијансата не треба да се проширува натаму.
Руте брзо додаде, сепак, дека членството на Украина во НАТО „не е на маса“ во овој момент.
„Секоја земја во евроатлантскиот простор која сака да стане членка на НАТО може да аплицира – тоа е утврдено со Вашингтонскиот договор од 1949 година. Но, за да станеш членка, потребен е консензус. А во моментов тој консензус е далеку“, рече тој.
„Во моментот има неколку сојузници кои експлицитно велат дека се против пристапувањето на Украина во НАТО. Од друга страна, имаме и претходен став од Вашингтонскиот самит минатата година, каде беше кажано дека постои ‘неповратен пат’ кон НАТО. Тоа е една реалност.“