Романците гласаат за избор на нов претседател речиси шест месеци по неочекуваното по ништување на првиот круг од изборите поради обвинувања за русковлијание.
Анкетите пред гласањето на 4 мај покажаа дека ултранационалистичкиот кандидат Георг Симион (38) води пред останатите 10 кандидати. Меѓу водечките претенденти се и поранешниот премиер Виктор Понта, градоначалникот на Букурешт Никусор Дан и Крин Антонеску од владејачката коалиција.
До 16 часот по локално време, одѕивот беше понизок од оној во првиот круг од гласањето во ноември.
Видете и ова: Откажано гласање, потоа забранет кандидат... Сега повторени избори во РоманијаГласањето внимателно се следи и надвор од Романија, делумно поради контроверзните изјави на Симион, кој тврди дека делови од украинската и молдавската територија и припаѓаат на Романија и ја доведува во прашање романската воена помош за Украина.
Симион, сепак, ја критикува и тековната руска инвазија врз Украина.
Во ноември минатата година, Калин Георгеску — про-руски националисткој дотогаш важеше за маргинален кандидат — неочекувано победи во првиот круг на изборите.
Сепак, властите ги поништија резултатите поради обвинувања за руска кампања на влијание во поддршка на неговата кандидатура. На Георгеску му беше забрането да се кандидира на новите избори, а беа воведени и низа нови правила за повторените избори на 4 мај.
Откажаното гласање предизвика критики и надвор од Романија, најгласно од потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, кој на Минхенската безбедносна конференција во февруари ја обвини романската власт дека дејствувала врз основа на „тенки сомнежи и огромен притисок од своите континентални соседи.“
Симион јавно прифати дел од реториката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото движење „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA).
Во ноември објави фотографија на која носи препознатливо црвено капче со натписот „Trump Save America“, а неодамна изјави дека е „совршено идеолошки усогласен со MAGA движењето.“
На 24 април, изборните власти најавија истрага против политичката партија на Симион поради наводи за прекршување на правилата за финансирање на кампањата.
Видете и ова: Како Тик-Ток му помогна на романскиот десничар да стигне до вториот круг од изборите?Истрагата се фокусира на обвинувањата дека Симион организирал плаќање од 1,5 милиони долари на американска лобистичка фирма со цел да се обезбедат средби во Вашингтон со истакнати медиумски личности поврзани со Доналд Трамп. Симион ги негира обвинувањата.
Изборната кампања привлече и надворешни набљудувачи за да го следат гласањето. Во предизборниот извештај, набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја критикуваа Романија за некои аспекти од регистрацијата на избирачи и процедурите за броење на гласовите.
Администрацијата на Трамп испрати и сопствен изборен набљудувач независно од ОБСЕ — висок претставник од Федералната изборна комисија на САД, која го надгледува изборниот процес во Америка.
Не е јасно дали Симион ќе успее да освои повеќе од 50 проценти од гласовите за директна победа. Доколку не успее, втор круг меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови ќе се одржи на 18 мај.
Повеќето набљудувачи сметаат дека Симион би се соочил со големи тешкотии во вториот круг, особено ако Понта, Дан или Антонеску добијат доволна поддршка.
Гласањето беше закажано да заврши во 21 часот по локално време , а првите излезни анкети се очекуваат веднаш потоа.