Од негирање до прикажување: Северна Кореја ја величи војната против Украина

Платно насловено „Давајќи го мојот бесценет живот“ на изложба на севернокорејска уметност во Москва на 8 октомври.Оваа слика е една од неколкуте на изложбата што ги прикажува севернокорејските војници кои биле донесени да се борат против украинските трупи во војната на Русија со Киев.

Слика на севернокорејски и руски војници насловена „Во истиот ров“.Пропагандната изложба, насловена „Земјата на еден голем народ“, ја претставува Северна Кореја во Серускиот музеј на декоративна уметност во Москва.

Слика насловена како „Радост од голема среќа“.И Москва и Пјонгјанг првично ги негираа извештаите на јужнокорејските разузнавачки служби што се појавија во октомври 2024 година, во кои се тврдеше дека севернокорејските војници се борат заедно со Русите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли извештаите во тоа време како „уште една лажна вест“.

Слика насловена „За борбениот другар“.Среде растечките докази, Москва во април призна дека Севернокорејците се бореле во рускиот Курски регион против украинската инвазија на територијата.

Севернокорејски туристи минуваат покрај слика насловена како „Херојски борци за достоинство и чест на татковината“. Куполите на она што изгледа како православна црква се видливи горе лево.

Фотографија од рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на изложбата.Откако беше признаено дека Севернокорејците се бореле заедно со руските трупи, соработката стана фокус на пропагандата за Пјонгјанг.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на спомен-ѕид во Пјонгјанг посветен на 101 војник кои загинаа борејќи се во рускиот регион Курск. Фотографијата беше објавена во август.Јужна Кореја тврди дека околу 2000 севернокорејски војници загинале борејќи се во Курск, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.

Слика насловена како „Нашата сила, ракетата Падасури 6“ на московската изложба.Заедно со сликите што го прикажуваат војувањето во Курск, изложбата од 123 слики прикажува и пејзажи, севернокорејска воена опрема и идеализиран секојдневен живот во безмилосно авторитарна земја.

Посетители на изложбата во Москва.Руските реакции на уметничката изложба беа измешани, при што едно лице суптилно ја критикуваше „фалбаџиската“ природа на сликите. Друг млад посетител му рече на новинарот дека очекува сојузот Москва-Пјонгјанг да биде краткотраен и да трае „само за време на војната во Украина“.

На уметничка изложба во Москва беа прикажани Севернокорејци кои се борат против украинските трупи. Овој аспект од руската инвазија Кремљ порано го отфрли како „лажна вест“.