Локални избори 2025 - Северна Македонија избира градоначалници и општински советници
Избирачките места се отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати.
Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи, а се гласа во 80 општини и во Град Скопје
Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.
Гласањето на гласачките места го спроведуваат гласачки одбори и акредитирани набљудувачи.
За гласање задолжително мора да се носи документ за лична идентификација - лична карта или пасош.
Фотографија од гласачко место во општина Чаир.