Алармантен пробив на руските сили кон Покровск
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украина претрпе сериозен пораз во последните денови, бидејќи воени извори објавија дека Русија постигнала голем напредок северно од Покровск, во регионот Донецк. Војниците кои разговараа со РСЕ неколку дена пред пробивот опишаа дека им недостигаат ресурси и работна сила, бидејќи Русија користела мали групи војници за да навлезе во територијата што ја држи Украина.