Г-н Реџепи, во вашата програма за јавниот превоз во Скопје има електрични автобуси и посебни ленти за движење, субвенции за приватните автобуси и такси компании. Од каде пари за сето тоа, ако знаеме дека имаше денови кога претпријатието остануваше без нафта дури и за да ги одржи редовните линии?
Првенствено ако зборувате за последните четири години, тие задоцнувања или тие отежнувања за буџетски средства не биле дел од одговорноста на власта, туку од блокадата од централната власт и поголемата политичка партија во Градот Скопје го блокираше градот целосно. Од друга страна, секогаш има можност функционалните проекти да бидат реализирани преку грантови од Европска унија. На пример, Загреб околу седум милијарди евра добива грантови од Европска унија од причина што се понудил со конкретни проекти кои ќе ги поддржат. Нас првата цел ни е да чекориме кон ЕУ. Во случај да чекориме кон ЕУ, тогаш овие фондови ќе бидат отворени за нас. Веќе имаме и со претставници како коалиција дискутирано околу оваа тема. Освен европските грантови, има и други финансиски институции од светот кои би се понудиле да ги поддржат нашите проекти.
Што мислите за идејата за БРТ? Дали БРТ е решение за превозот во Скопје?
Не целосно, поради тоа што се знае нашите булевари се движат, во кој правец...меѓутоа, тоа е доста позитивно решение. Кај нас, во нашата програма долгорoчно е, освен брзите ленти и трамвајот да се види како можност. Два децении се спомнува, но така би се растоварил центарот со периферијата. За такви делови, кај што може да се изведат овие две опции, би било пожелно прво да се направи физибилити-студија, да се видат условите, цените, сите тие трошоци. Оти навистина, кога би имале таков брз јавен превоз, јас сум убеден дека граѓаните сите би ги паркирале нивните автомобили надвор од градот и во центарот би дошле комотно, како во секоја метропола во светот.
Какво решение имате за хигиената во Скопје? Дали според вас, е подобро ЈП „Комунална хигиена“ да продолжи да го чисти отпадот или тоа да го прави секоја општина посебно?
Двете двете опции се во нашата програма. Двете да се изведуваат истовремено, не како можности. Значи и градот да си има свое јавно претпријатие за хигиена и доколку е потребно да се направи партнерство со приватници, меѓутоа да биде целосно надгледувано од градот Скопје. Значи треба целосно да биде под контрола над градот Скопје, истовремено да се овозможи секоја општина да си има и свое претпријатие за хигиена од причини што сепак ние си имаме дел, градот си има дел кај што поминуваат тие улички. Има улички во одредени општини што треба навистина секојдневно да се чистат поради ситуацијата таму еколошка, особено Чаир. Верувам сте влегле во улиците низ Чаир, па да видите дека таму е невозможно да влезе огромен камион. Сето тоа треба да се изведува со помали превозни средства.
Видете и ова: Куферчиња, предавства и „српски свет“ – наместо ветувања за чист воздух и улициКако ќе ги консолидирате јавните претпријатија под капата на градот, а коишто се во лоша состојба и чии вработени со месеци штрајкуваат дури и за плати?
Пак ова ќе го поврзам со овие четири години, со политичките проблеми во градот Скопје. Никогаш досега, од после комунизмот до денеска Скопје не се наоѓал во потешка ситуација отколку овие четири години. Реално јас да бев на место на градоначалничката во моментот кога немам мнозинство во Советот на Скопје, ќе си дадев оставка. Нека остане срамот на мнозинството, во овој случај зборувам за мнозинството советници од ВМРО, кои за свои инаети го блокираа градот четири години. Значи немаше можност, едно јавно претпријатие да функционира. Јас мислам дека она што е многу битно е да се овозможи целосна независност на институциите на град Скопје од централната власт. Дали тоа ќе се реши преку законско решение или да се најде друга можност во којашто навистина би имале целосна контрола врз сите јавни институции, вклучително и финансиските. Во секоја потреба градот, сепак градот Скопје, не е само слика на граѓаните на Скопје, тоа е слика на државата.
Зoшто не предложивте таков закон? Сега е веќе доцна бидејќи сме на прагот на на локалните избори.
Би требало да се предложи, меѓутоа за такво нешто, јас прво требаше да ги почекам експертите да ја подготват нашата програма како Национална алијанса за интеграции. Моментот кога дојдовме до програмата, до конкретните решенија, веќе беше доцна да се предложи во Собрание. Во прво време, по изборите меѓу првите чекори ќе биде да се обезбеди вакво законско решение.
Во програмата велите, ќе посадите 100. 000 дрвја. Каде точно ќе ги садите ако знаеме дека површините во градот се узурпирани од згради?
Прво што знаеме дека европски стандард за зеленило се некаде 25 квадратни метри по граѓанин. Кај нас, по последните мерања, во Скопје се околу 12 квадратни метри по граѓанин, што значи дека сме повеќе од половина далеку од европскиот стандард. Ние планираме во тек на овие четири години да стигнеме барем до 20 квадратни метри по граѓанин. Дрвјата може да се посадат во секоја општина, да се поделат рамномерно, со тоа што да се обезбеди прво зелен простор, со кој што би ги постигнале тие 20 квадрати. Во одредени ситуации ќе треба да се прошири градот и тоа проширување ќе биде прво со зелен појас во кој целиот тој воздух би можел да се искористи, сето тоа зеленило кое би било дел од градот да се користи за редовно функционирање на воздухот.
Kонкретен пример каде може во во моментов тоа да да се изведе?
Во моментов имате само во Чаир огромен број побарувачка за нови згради. Значи во таков случај градот би можел да наложи, зборувам за една општина конкретно, да наложи на одредената општина - тоа истото може да се направи во Бутел, истото може да се направи во Карпош, во делот што се проширува странично - за секоја идна зграда да бидaт поставени „зелени“ услови, конкретно по барањата на европски стандарди. Значи, нашата цел е во град Скопје да има огромен зелен простор доволно за да може градот да дише нормално и за таква цел нема да штедиме никакви услови, никакви средства за да го обезбедиме во тек на четири години.
Видете и ова: Скопје пред избори - многу ѓубре и хаос, малку воздух и редВо таа насока е и депонијата Вардариште. Што би правеле со луѓето за кои имаше идеи да се дислоцираат, да не се дислоцираат? Што вие би правеле?
Нашиот предлог е да затвори Вардариште, еколошки парк да се направи токму на Вардариште. Тоа е дел од нашиот проект, оти Вардариште скоро наликува на Чернобил. Чернобил беше бучен и го гледаше светот. Ова тајно, тивко ги труе не само граѓаните околу Вардариште туку се проширува тој токсичен отров секаде. Значи нашата цел, нашиот проект е Вардариште целосно да се затвори и да на местото на Вардариште да имаме еколошки парк.
На граѓаните им нудите и дигитализирано Скопје. Да можат со еден клик да добиваат документи и да плаќаат данок. А како тоа ќе го постигнете ако знаеме дека дигитализација не успеа ниту државата да воведе целосно со години наназад?
Доколку би сакале, би биле спремни властите и во државата и во град Скопје, секогаш има средства за да се изведе секој еден можен проект. Не со кредити, со кои ќе се задолжуваат генерации во иднина. Пак ја ќе ја земам Хрватска за пример, во идните години Хрватска некаде 35-36 милијарди евра ќе добие грантови од Европска унија, неповратни грантови зборувам. Во случај кога ние би го одредиле нашиот пат кон Европска унија онака како што заслужува секој граѓанин во оваа држава и партиските и личните интереси да ги оставиме на страна ќе се обезбедат средства и за централно државно ниво на дигитализација и за на ниво на град Скопје. Многу едноставно, една апликација во која сите граѓани во секое време ќе можат да знаат прво каков е буџетот на град Скопје. Тоа сепак се нивни пари и да знаат како се трошат нивните пари. Истовремено ќе знаат како можат да го превземат секој можен документ преку таа апликација, истовремено и даноци да плаќаат преку истата апликација.
Кој капитален објект вие би сакале да го изградите во град Скопје или кое катче од градот би сакале да го ревитализирате?
Сега малку може ќе викате дека сум пристрасен, но би сакал таа страна од Вардар да се ревитализира оти сепак три децении по ред е оставен во таква дискриминаторска положба на сметка на десната страна од Вардар. Првенствено сакам праведноста да биде дел од градот, во која сите граѓани од сите општини би се чувствувале дека се навистина праведно третирани од градските власти.
Кој ја дискриминирал, според вас, десната страна?
Сите политики до сега, сите до една, точно 34 години наназад сите политики на град Скопје биле дискриминаторски во споредба со онаа страна на Вардорот и оваа страна на Вардарот. Граѓаните така се изјаснуваат. Граѓаните точно знаат како како го гледаат Скопје. Не треба да сме на авион за да ги видиме тие разлики.
Што би направиле таму?
Првенствено би го решиле сообраќајот кој е речиси мртов во тој дел. Значи, полесно ќе стигнете од Бутел до Тетово или до Куманово отколку да стигнете до Бит пазар или до Центар. Прво сообраќајот да се реши и второ, да почнат да се градат институции, модерни и културни и технолошки во кои навистина би се чувствувало дека тој град е рамноправен со оваа страна на Вардар. Јас сакам Скопје да биде град на културен соживот, меѓуетнички соживот и воопшто да не се чувствуваат разликите, оти националните разлики се наши придобивки. Никој немал избор на национална припадност, меѓутоа имаме избор при соживот и заедничко живеење. Сепак Скопје е наш заеднички град. Да се потрудиме да биде и праведен и модерен град.
Видете и ова: Црната кампања нема да ги заобиколи и овие локални избориПартијата што ве кандидира сега е во опозиција, а извесно е дека и натаму град Скопје ќе зависи од поддршката на централната власт. Како би ја обезбедиле таа поддршка за да не се закочи функционирањето на Скопје како што се случи во мандатот на актуелната градоначалничка?
Јас длабоко верувам дека после локалните избори Националната алијанса за интеграција ќе добие во сите општини и со тоа државата ќе биде принудена да оди на нови парламентарни избори. Ве уверувам дека освен градска власт ние ќе имаме и централна власт оти сепак државата е заедничка на сите и волјата на мнозинството граѓани треба да се почитува од сите.
На кои податоци го темелите овој оптимизам?
На реалноста... сите анкети покажуваат дека ние ќе бидиме длабоки победници во албанските општини и при таква ситуација неминовни ќе бидат нови парламентарни избори. Ден денеска во власта Албанците се претставени од едно малцинство претставници Албанци, а во иднина тоа малцинство ќе биде уште помало. Така што верувајте дека граѓанскиот притисок во државата ќе ја принуди државата да одиме на нови парламентарни избори и тогаш кохезијата меѓу локална и централна власт ќе биде многу лесно изводлива.
Кандидат сте на коалицијата предводена од ДУИ, која пак овие избори ги води како битка со противкандидатот „Вреди“ („Влен“). Па има пораки за политичка мобилизација на Албанците, кој колку вработил во институциите, кој соработува со српски банки и казина. Впечатокот на јавноста е дека и на овие локални избори повеќе се зборува за национални теми отколку за улици и за канализации. Зошто, ви носи ли тоа повеќе гласови?
Во случај кога гордоста на Албанецот е „фатена за уши“, условно речено, во случај кога Охридскиот рамковен договор е доведен во прашање, во случај кога уставното загарантирано право на една етничка заедница, во случај Албанците е доведено во прашање, во таков случај сосема небитни би биле улиците и канализацијата во споредба со гордоста на еден цел народ. Затоа мислам дека не случајно премиерот и власта намерно политиките ги водат токму кон таа насока. Што повеќе се покажува омраза кон Албанците, толку повеќе ВМРО-ДПМНЕ станува посилна кај другите. Без оглед на тоа што нема ниедно проектирано решение за добар развој на државата. Еден премиер би бил соодветен, професионален, интелектуално изграден, доколку тоа го направи со грантови од надвор, неповратни грантови, со долгови секој може тоа да го изведе. Националната алијанса за интеграција не го гледа за опонент „Влен“. Напротив, „Влен“ е само еден инструмент во државата во раце на премиерот. Ние нашата политичка битка е директно со државата, со ВМРО и со премиерот.
Видете и ова: Мицкоски:Овие избори се битка за тоа каде ќе се движи МакедонијаКако вие ќе ја водите вашата кампања, на национални или на локални теми?
Јас лично затоа и програмата ја направив двојазична, се обраќам на сите граѓани. Политичките прашања во во ситуацијата се доста вкрстени со потребите на граѓаните во општините или во било која улица. Јас би сакал да имаме кампања во која би се зборувало само за развојот на општините на културно поле, на интелектуално поле, на образовно поле, на јавните претпријатија.
Премиерот и власта наметнуваат начин на политички говор при локални избори со кои самиот кажува дека овие избори се многу побитни за него отколку локални. Во таква ситуација и за албанскиот блок овие локални избори се многу побитни отколку само локални. Бездруго, секој кандидат за градоначалник во секоја општина кај што ние кандидираме има програма за секоја уличка, за секое маало за секој објект има програма како да се реализира кон подобро. Секој има детална програма како може да ја направи општината посоодветна, помодерна за живеење. Јас зборувам, кога веќе начнуваме политички теми, и ние треба да одговараме согласно начинот како власта комуницира со јавноста. Можам да му кажам благодарам на премиерот дека со неговите изјави тој работи за рејтингот на Националната алијанса за интеграција, а резултатот ќе го видиме сите заедно на 19 ти октомври.
Кој кандидат ќе го поддржите во втор круг доколку вие не успеете да влезете?
Тоа заедно ќе го разгледаме како Национална алијанса за интеграција. Меѓутоа, јас сум убеден дека првпат еден Албанец може да биде дел од вториот круг во трката за Град Скопје. Верувам дека имаме доста солидна програма, доста солидна менаџерска можност да им покажеме на граѓаните дека би заслужиле да бидеме во трката во вториот круг.