Со инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД започна една година богата со настани, вклучувајќи низа воени победи над милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, протести против владата низ Русија и терористички напади во многу земји. 2017 низ слики.
2017 во слики
Со инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД започна една година богата со настани, вклучувајќи низа воени победи над милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, протести против владата низ Русија и терористички напади во многу земји. 2017 во слики.

1
Спасувачи на местото каде што товарен авион се урна во едно село во Киргистан, при што загинаа 35 лица и четворица членови на екипажот. 16 јануари 2017.

2
Деца се загреваат во куќа од кал во кампот за бегалци во Лагман, источен Авганистан. Половина милион Авганистанци се раселени од војната, а многу бегалци се вратени во земјата од Пакистан, Европа и Иран. 11 јануари 2017.

3
Американскиот претседател Барак Обама го поздравува новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, додека тој и неговата сопруга Меланија пристигнуваат на чај во Белата куќа во Вашингтон пред инаугурацијата на Трамп. 20 јануари 2017.

4
Рани, членка на трансродовите заедници, се подготвува за забава во Пешавар, северозападен Пакистан, 22 јануари 2017.