Во Австралија се гаснат сите социјални мрежи за младите под 16 години
Младите под 16 години во Австралија веќе почнаа до добиваат пораки од социјалните мрежи дека од 10-ти декември ќе им бидат изгасени профилите. Тоа го наложува законот. „Тинејџерите ќе бидат вознемирени, некои ќе се борат повторно да се снајдат, некои ќе успеат да се снајдат во технологијата и да ги задржат своите сметки. Но, навистина верувам дека краткорочната непријатност ќе вреди за долгорочните придобивки“, изјави министерката за комуникации на Австралија, Аника Велс.