За група ученици во разурнатиот од војна украинскиот град Чернихив, нивните нетрадиционални фотографии од дипломирањето, со уништувањата во градот како позадина, служат како евиденција на животите прекинати од воен конфликт.
Матурирање среде воена пустош: Фотографии на ученици од разурнатиот Чернихив

1
Ученици од Чернихив позираат за фотографија од матура на 5 јуни за украинскиот фотограф Станислав Сеник, кој зборуваше за РСЕ за неговиот проект.
Дипломски албум On The Ruins е серија фотографии на ученици, многумина цо нивните ленти, снимени во град уништен од руската инвазија. „За 10 години овие ученици ќе имаат свои деца и ќе можат да им покажат што направиле Русите и, можеби, ќе ја почувствуваат болката што ја доживеале нивните родители.

2
Сеник, фотограф за свадби и портрети, го смени својот фокус кога Русија ја нападна Украина. „Сакав да работам на проекти кои ќе ѝ помогнат на мојата земја“. Тој се надева дека неговите фотографии ќе соберат средства за украинската армија преку онлајн аукции и исто така ќе го потсетуваат светот низ што поминува земјата.

3
Користејќи ги социјалните мрежи, Сеник успеа да собере 40 ученици во Чернихив кои се согласија да усе фотографираат. Сликите беа снимени во текот на два дена додека ги истражуваа урнатините на нивниот град. Многу ученици беа преплавени од емоции бидејќи не ги виделе своите соученици од почетокот на војната.

4
Сеник додава дека бил изненаден од тоа колку учениците биле среќни што учествувале. „Децата не изгледаа вознемирени и не беа скршени“, рече тој. „Напротив, се чинеше дека војната ги стврдна и сега се посилни“.