Шест лица загинаа, а стотици се повредени во невремето што во средата вечерта на 19 јули ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија. Четири лица загинаа во Хрватска и по едно во БиХ и Словенија. Состојбата во Хрватска се стабилизира, а до крајот на неделата се предвидуваат грмежи и силна бура.
Хрватска, Словенија, БиХ, Србија: Сумирање на штетите од невремето

1
Луѓето ги проверуваат штетите по силното невреме во Загреб на 19 јули 2023 година.

2
Меѓу настраданите во Хрватска е и еден пожарникар.

3
Аеродромот во Бања Лука, во Босна и Херцеговина, е затворен поради невреме. Едно лице загина во округот Брчко.

4
Милан Новитовиќ, директор на Управата за цивилна заштита на Република Српска (РС), за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека од невремето најмногу се погодени Бјелина и Шамац, како и околината на Бањалука, Лакташи, Градишка и Костајница и Дубица.
На сликата е затворениот аеродром во Бања Лука.
На сликата е затворениот аеродром во Бања Лука.