Достапни линкови

Локални избори

Во живо Локални избори 2025

- ДИК: Сите гласачи места отворени навреме

- Осми по ред локални избори

- Над 300 кандидати за градоначалници

- 575 листи за советници

- Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи

- Се гласа во 80 општини и во Град Скопје

22:21 19.10.2025

Бујар Османи му честиташе победа на Изет Меџити во Чаир

Потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вечерва со објава на социјалните медиуми му ја честиташе победата на Изет Меџити од ВРЕДИ.

„Доволно долго сум во политиката за да ги препознавам и почитувам пораките што граѓаните ги испраќа. Иако кампањата не беше ни фер ни легална во секој аспект, не сакам да се жалам.
Честитки до мојот контракандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години“, напиша Османи.

Претходно, Меџити објави победа на ВЛЕН / ВРЕДИ во Чаир и во Тетово.

21:30 19.10.2025

Мисајловски најави историска победа на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција изјави дека партијата е на прагот на голема и историска победа на локалните избори, нагласувајќи дека во голем број општини разликата е „убедлива и недостижна“.
„Имаме општини каде разликата е 3:1, 6:1, 7:1, па дури и 10:1. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и добива градоначалници во првиот круг о Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Пехчево, Делчево, Гевгелија и Бутел,“ изјави Мисајловски.

21:22 19.10.2025

ВЛЕН прославуваат победа во Чаир и Тетово

Членови и симпатизери на ВЛЕН / ВРЕДИ вечерва почнаа да ја слават, како што рекоа, „убедливата победа во Чаир и во Тетово“.
Претходно, на прес-конференција, нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, рече: Убедливо победивме во Тетово и во Чаир, на ДУИ им честитаме за Пласница“.

21:14 19.10.2025

СДСМ очекува победа во најмалку седум општини

Опозицискиот СДСМ очекува да победи во најмалку седум општини. Генералниот секретар на партијата и шеф на изборниот штаб, Александар Саша Димитриевиќ на прес-конференција рече дека СДСМ води и очекува победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Кривогаштани и Богданци.
„Тесна битка е во Неготино, Валандово. Македонска Каменица, Ранковце и Лозово. Водиме и во Дојран, но најверојатно ќе имаме“, рече Димитриевиќ.
За Градот Скопје, тој посочи дека немаат информации каква е ситуацијата со гласовите.
„Со задоволство констатирам дека во секоја општинска организација имаме подобар резултат во споредба со минатата година“, рече генералниот секретар на СДСМ и реагираше дека имало „бројни прекршувања“ во однос на изборите. За повеќе информации за локалните избори кликнете тука.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG