Достапни линкови

Локални избори

Во живо Локални избори 2025

- ДИК: Сите гласачи места отворени навреме

- Осми по ред локални избори

- Над 300 кандидати за градоначалници

- 575 листи за советници

- Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи

- Се гласа во 80 општини и во Град Скопје

21:07 19.10.2025

Прес-конференција на ВРЕДИ: Убедливо победивме во Чаир и Тетово, на ДУИ им честитаме за Пласница

Кандидатот за градоначалник на Општина чар, Изет Меџити од ВРЕДИ / ВЛЕН, вечерва прогласи победа во Чаир и Тетово, додека нивните симпатизери и членови подготвуваат славје на улиците во скопски Чаир.

„Убедливо победивме во Чаир и Тетово, на ДУИ им честитаме за Пласница“, рече вечерва Меџити.

20:39 19.10.2025

Обвинителство и МВР: Изборен ден без инциденти

Обвинителството и Министерството за внатрешни работи вечерва, по затворањето на гласачките места соопштија дека изборниот ден поминал во мирна атмиосфера, без ниту еден инциеент, но со изолирани случаи на пријави за обиди за поткуп или фотографирање и уништуивање на гласачко ливче.

Бројот на информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, соопшти Јавното обвинителство на Северна Македонија откако јавни обвинители во текот на целиот цел го следеа изборниот процес во рамки на локалните избори. за повеќе информации кликнете тука.

20:10 19.10.2025

ДИК: До 18.30 часот излезност од 46,65 отсто, во три општини повторени избори

Одзивот на гласачи до 18.30 часот изнесува 46,65 проценти соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференцијата половина час по затворањето на гласачките места. Овој процент е добиен од обработени 94,62 отсто од избирачките места на кои гласале 827.020 граѓани, од вкупно запишани 1.780.168 избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко. За сите информации поврзани со локалните избори кликнете ТУКА.

19:36 19.10.2025

Прес-конференција на Тимчо Муцунски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ: На прагот сме на голема победа

„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите критериуми за успешен демократски процес. Најмирни избори, и заслугата е на граѓаните. Им благодариме на граѓаните. Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на вољата на граѓаните, и порака на сите оние кои ја влечат Македонија кон дното, без концепт и без визија“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места од Локалните избори 2025.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG